2win800x200

Пластична вреќа, два метри дупка и неколку кубици земја над тебе. Тоа е се... Погреб недостотен за човечко суштество. Никој близок да те испрати на вечното почивалиште...Те нема, ко да не си бил, ко да не си постоел никогаш. Стануваш само бројка во дневниот билтен на умрени...  За некого си број, за некого си сиот свет...

ПОРОБЕН ЖИВОТ

Август 11, 2020

Пишува: Марија Младеновска Димитровска

Воведувањето на вонредна состојба поради пандемијата со корона вирусот и прекинувањето на редовниот наставен процес, пред нас како општество и како образовен систем стави нов предизвик да се реорганизираме и прилагодиме на нов тип он-лајн настава. Иако за релативно кусо време најголем дел од наставниот кадар успеа да се прилагоди на барањата на новонастанатата ситуација и да се продолжи со реализација на наставата он-лајн, сепак таквиот тип на настава не може во целост да го надомести квалитетот на редовниот традиционален тип на настава и да ги надомести изгубените часови.

Особено погодени од оваа ситуација се матурантите, кои веќе треба(ше) да се подготвуваат за полагање на државната матура и за упис на факултетите. Он-лајн наставата во никој случај не може целосно да ги подготви за полагање на државната матура.

Треба или не, да се откаже полагањето на државната матура за учебната 2019/20 година, е прашањето кое деновиве си го поставуваат и матурантите и наставниците и родителите.

Во овој момент никој не може да прогнозира до кога ќе трае оваа вонредна ситуација и затоа е многу неблагодарно да се прејудицира дали воопшто би се одржала матурата и доколку би се донесла одлука сепак да се полага, како би требало тоа да се реализира.

Пред се здравствените власти се тие кои треба да дадат проценка до кога ќе бидат на сила мерките за вонредната соостојба и мерките за ограничување на движењето и дали постои можност во скоро време да се отворат училиштата или не.

Психолошкиот притисок кој го трпат сите и наставниците и учениците, а особено матурантите е голем. Сепак, полагањето на матурата и постигнатите резултати на неа е она што ќе го трасира идниот академски пат на младите, па така како што изминува времето се зголемува и неизвесноста кај сите. Буквално младите луѓе не знаат во овој момент што да прават, дали да чекаат каква одлука ќе донесе МОН или веќе да се подготвуваат за полагање на матурата. Иако еден дел од матурантите веќе се подготвуваат за полагањето на матурата и работат он-лајн со своите професори и ментори.

Засега МОН нема излезено со став дали воопшто ќе се одржи матурата, дали се разгледуваат опции за нејзино одлагање или ќе се бараат алтернативни начини за полагање на матурските испити он-лајн или дали оваа година матурата ќе се откаже по примерот на некои земји како Франција, Холандија, Велика Британија, Шкотска, Италија и др. кои веќе одлучија оваа учебна година да не се полага државна матура. Сите опции се отворени и надлежните институции се тие кои треба да го дадат конечниот збор.

Една од опциите со кои се шпекулира во јавноста е матурата сепак да се одржи и да се полага он-лајн.

Иако првиот дел од полагањето на матурскиот испит, односно одбраната на проектните задачи веќе се одржа он-лајн, сепак полагањето на екстерните и интерните испити е далеку покомплексна операција.

Одбраната на проектните задачи од матурата, во најголем дел се одржа пред камера, преку зум платформата, но, сепак, останува отворено прашањето колку таквиот начин на бранење на проектната беше објективен, ако се знае дека постои можност ученикот и пред камера слободно да чита на својот компјутер и воопшто да не ја учел својата проектна задача. Иако имаше и одредени технички потешкотии со организирање на он-лајн полагањето, особено на учениците кои се од социјално ранливи категории, сепак, тие во најголем дел беа надминати и се обезбедија услови да се полага проектната задача он-лајн.

Но, сепак, иако проектната задача се реализираше он-лајн, со сите слабости на таквиот начин на оценување на ученикот, полагањето на интерните и екстерните испити на таков начин е неизводливо да се реализира. Доколку се избере он-лајн спроведување на испитите од матурата, во домашни услови, тоа би се претворило во една тотална импровизација. За жал, институциите немаат ни технички ни софтверски капацитети за спроведување на електронско полагање на матурата, а прашање е колку од децата можат да обезбедат технички можности за непречено полагање он-лајн, како обезбедување на компјутер и интернет итн. Се поставува и прашањето колку тие оценки би биле валидни, кога не би можело да се обезбеди ни минимум објективност во спроведувањето на тестирањата. Едноставно тоа би било и технички неизводливо, а и од педагошко-психолошки аспект не е оправдано, ако се земе предвид дека при таквото тестирање не може да се обезбеди минимум објективност при тестирањето и оценувањето на знаењето на учениците, па би ги ставиле учениците во нерамноправна положба. Како во таква ситуација би ги зеле предвид тие оценки за во дипломата и би им ја одредиле судбината на идните академски граѓани.

Ако се потсетиме само колку недостатоци и недоследности имаше екстерното оценување кое се спроведуваше во училиштата, во контролирани услови, кога имаше случаи оцените на екстерното да се добиваат со кликање по случаен избор на одговорите, кога се случуваше ученици кои имаа по 10 слаби оценки да добијат оцена 4 на екстерно, само со кликање на среќа, тогаш беспредметно е да размислуваме за организирање на он-лајн полагање на матурските испити.

Навистина би било несериозно од наша страна како држава да се впуштиме во таква авантура за полагање матура во домашни услови. Тоа само би придонесло за дополнителен стрес и кај наставниците и кај учениците, тензии, притисоци, а ефектите никој не може во овој момент да ги предвиди. Како би се зеле предвид таквите оценки од спроведено он-лајн тестирање, кога можностите за препишување на тестирањата се огромни, како ќе се обезбеди минимум објективна тестовна ситуација. Таквото тестирање е скроз невалидно, а оценките и тоа како можат да им ја одредат судбината на учениците било во негативна или позитивна смисла. Тоа сепак е мое мислење, кое не значи дека е најисправно, но стојам зад тоа.

И самото редовно оценување по предметите кое се спроведува он-лајн е во еден дел импровизација, но сепак наставниците потпирајќи се на своето педагошко искуство, во најголем дел доволно си ги познаваат своите ученици и нивните реални можности и постигања, така што ќе можат да изведат што пообјективни завршни оценки, кои ќе се добијат како комбинација на оценките од сите тримесечија и активностите кои ги преземаат за времетраењето на он-лајн наставата. Но, спроведување на матурата на таков начин е далеку покомплексно.

Друга опција која циркулира во јавноста е целосно откажување на матурата оваа учебна година. Средношколците веќе потпишуваат и петиција за откажување на полагање на државната матура, по примерот на некои европски земји и упис на факултетите само врз основа на успехот од четирите години средно образование и да им се земат предвид при бодирањето оцените по предметите кои се релевантини за упис на даден факултет или евентално селекцијата да се направи преку организирање на приемни испити на факултетите. Според мене, ова би било најбезболна опција за сите, а особено за учениците. Сепак треба да ги имаме предвид околностите во кои се наоѓаме.

Трета опција би била одложувањето на матурските испити за подоцна во текот на летото, доколку би се создале услови да се полага матурата во училиштата на традиционален начин, но тоа би било на штета на дел од учениците, кои планираат своето образование да го продолжат во странство, така што тие не би биле во можност да добијат диплома во јуни, како би аплицирале на странски универзитети. Сепак, тука треба да се има предвид дека со оглед на тоа што во ваква ситуација се наоѓа целиот свет, не само ние како држава, па претпоставувам дека и другите држави размислуваат и околу спроведување на нивните државни матури, оние кои имаат, или околу уписните политики на факултетите и пролонгирање на уписните рокови.

Навистина е многу комплексен проблемот и треба да имаме трпение и да почекаме надлежните институции да донесат одлука како понатаму, а се надеваме дека таа одлука ќе биде во насока за општо добро на сите, а пред се на децата.

За жал, оваа генерација матуранти се соочува со уште еден предизвик, а тоа е неизвесноста околу одржувањето на матурските прослави што е уште еден удар за матурантите. Сон на речиси секој млад човек, е да го прослави своето полнолетство, но, за жал, оваа генерација матуранти е исправена пред еден поинаков испит на зрелост, пред каков што не била соочена ниту една друга генерација порано. Сон и на родителите е да ги видат своите деца среќни, како зачекоруваат во светот на возрасните и го слават своето полнолетство и завршувањето на една етапа од животот и почеток на нова етапа. Но, понекогаш животот е непредвидлив.

Реалноста како таква мора да ја прифатиме и да покажеме зрелост и трпеливост ова што поскоро да заврши и што поскоро да се вратиме сите во нормалниот тек на живот.

М-р Марија Младеновска-Димитровска, психолог, магистер по клиничка и советодавна психологија

Пишува: м-р Марија Младеновска Димитровска, психолог

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани