2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолскот вилает своевремено бил една од најголемите житници на територијата на Османлиската империја. Градот Битола как вилаетски центар, особено во втората половина на деветнаесететиот и првата деценија на дваесетиот век имал особен економски и индустриски подем. Се ова изнедрило услови во Битола да се отворат неколку млинови (мелници). Во 1890/91 година на територијата на Битолскиот санџак имало вкупно 14 фабрики. Најголемиот дел биле од прехрамбената индустрија и тоа 7 мелници во Битола со 20 валци. Најсовременениот млин, бил млинот „Драгор“ кој го изградил Исмаил бег некаде кон крајот на XIX век или според некои  автори во 1902 година. Млинот работел со машини на парен погон. Парната мелница на Исмаил бег во Битола имала капацитет од десет тони мелено брашно, работела со 6 валци. Интересно е што овој објект од почетокот, па сè до денес опстоил како млин.  Во текот на Првата светска војна бил оштетен, а потоа сопственикот го продал на други лица. Во меѓувоениот период овој објект сменил неколку сопственици. До 1934 год. бил во сопственост на “Београдска уједињена банка”, па потоа на “Хрватска банка” Загреб, за да ја откупи Таса Тасиќ, индустријалец од Лесковац. Тој ја проширил мелницата и ја опремил со нови машини. Пред Втората светска војна мелницата произведувала околу 3 000 000 кг. брашно, и вработувала 24-30 работници. Мелницата работела на моторен погон со 1 саугас мотор од 220 кс. По Втората светска војна овој млин станал дел од ЗИК Пелагонија како Жито Битола и ја продолжува својата дејност. Во последните 30 години минувајќи низ транзицијата на стопанството, претпијатието било во стечај и објектот повторно сменил неколку сопственици.

Денес објектот представува една руина, изгоре во пожар. Овој објект стар над 120 години, заедно со Магазата, Безистенот и уште неколку дуќани се последните стопански објекти кои потекнуваат од османлискиот период. Ние сепак како држава не направивме ништо за да го заштитиме. Жалосно е но сепак морам да констатирам дека ние како град со особено големо културно истоиско богатство, за жал немаме ниту еден историчар во Битолскиот музеј. Постојат низа на објекти, кои ни воопшто не се земени во предвид за обработка и заштита а камоли пак нивна конзервација и презервација. Битолскиот музеј впрочем е немоќен, а за скоро со заминување на постоечките кадри во пензија ќе има повеќе технички персонал одошто стручни кадри. Тоа пред се е вина на државата која воопшто не сака да вложи ни малку средства за заштитиа и афирмација на минатото. Со голема жал, морам кажам дека се срамам од државата во која што живеам, бивајќи осуден јас и многу мои колеги постојано да апелираме да укажуваме а сепак тоа никој да не го слуша. Јас како историчар, но и сите мои колеги буквално сме осудени да гледаме едно општество во распад, едно минато кое се ништи!

Васко Гичевски, историчар 

Локациите на Пелистер се многу познати, но ретко кој го знае значењето на топонимите кои кријат многу историски вистини и љубовни легенди.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани