АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Зоран БОЈАРОВСКИ
Пријателството се гради и одржува со неколку вредности кои се гаранција дека тоа ќе биде долговечно. Квасец на едно такво пријателство се прифаќање на разликите на другиот, искреноста и респектот.
Од тој аспект има огромна разлика од времето кога српскиот радикален националист Шешељ го кршеше спомен плочите во манастирот Прохор Пчињски на кои пишуваше дека на тоа место на 2 август 1944 година се одржало првото заседание на АСНОМ, државотворниот настан за Република Македонија, од настанот кој оваа година се одржа на тоа исто, историски значајно место за нашата државност на територијата на Република Србија.
Атмосеферата на тој настан е резултат на искрениот пристап кон отворените прашања кои Србија и Северна Македонија ги имаа и ги решија во изминатите 5 години, и во заедничката основа, односно мотивација на која ќе се градат идните односи.
Во однос на отворените прашања лидерите на двете земји заеднички го поттикнаа решавањето на црковниот спор по што минатата година МПЦ-ОА после повеќе децении беше прифатена во светската православна заедница, а заедничата основа на која пријателството меѓу двете земји доби додадена вредност е иницијативата Отворен Балкан.
Вучиќ: Да говориме во регионот заедно со еден глас кога се работи за клучни прашања
Долгогодишниот постојан дописник од Белград на МРТ и на МИА, колегата Оливер Бранковиќ, за Рацин.мк вели дека не се случајни пораките упатени во говорот на српскиот претседател Александар Вучиќ во Прохор Пчински на одбележувањето на АСНОМ и Илинден, и тоа на местото на кое се удрени темелите на македонската државност, јазикот, самобитноста и сето она што ја карактеризира една нација и држава, како македонската, пораки кои неслучајно беа искажани и на македонски јазик.
Во изјавата во манастирот српскиот претседател рече „ние Србите, како што знаете, ги сакаме Македонците и го сакаме македонскиот јазик и не мислиме дека не постои или не знам што, кажа Вуќиќ упатувајќи благодарност и до СПЦ „за историските одлуки што ги донесе на добробит и во корист на двата наши народа, и српскиот и македонскиот“.
Колегата Бранковиќ вели дека „следејќи го политичкото дејствување на претседателот Александар Вучиќ, особено на надворешно политички план, тој своите говори, пораки и постапки ги прави по темелни анализи со своите соработници и владата и истите имаат тежина во неговата неприкосновена политика во Србија на долгорочен план.
Во однос на Северна Македонија, вели новинарот Оливер Брановиќ, и тоа во периодот кога и на домашен и надворешен план се водат непотребни полемики за самобитноста на македонскиот јазик и народ, за српскиот претседател нема никакво сеомневање дека тие постојат и ќе постојат.
Во оценката за македонско-српските односи Бранковиќ укажува Вучиќ во Прохор Пчински искажал ставови кои ми се единствени во изминатите години оцени дека Србија и Македонија имаат „историски најдобри односи“.
Такви пораки претседателот Вучиќ испраќаше и за време и после секој самит на Отворен Балкан, иницијатива којашто во иминатите три години посебно позитивнио влијаеше на односите меѓу двете земји, но и на односите на Северна Македонија и Србија со Албанија.
„И кога имавме одредени проблеми, бевме секогаш блиски, а денес сме најблиски и повеќе немаме ниту едно отворено прашање и горд сум што можам да кажам дека имаме најдобри односи во историјата и верувам дека ќе бидеме умни така и да ги одржиме со децении“, изјави Вучиќ на самитот Отворен Балкан во Белград минатата година, потсеттува колегата Бранковиќ кој за Отворен Балкан известуваше за МРТ и МИА.
Претседателот Вучиќ тогаш им го честиташе на Северна Македонија и Албанија почетокот на преговорите со ЕУ на што Србија помогна во остварување на таа цел (координација и задничката прес конференција во Брисел) и изрази надеж дека ОБ и понатаму ќе допринесе на економското јакнење и поврзување, „да говориме во регионот заедно со еден глас кога се работи за клучни прашања“.
Како и да ги толкувате пораките на лидерите на земјите кои самоиницијативно ја создаоа и изградија иницијативата Отворен Балкан, резултатите од оваа успешна политичко-економска сторија говорат дека таа е основниот порив на зближување на политичките и економски интереси на Србија и Северна Македонија, кои во изминатите 5-6 години на Отворен Балкан имаат потпишано и реализирано повеќе билатерални договори и спогодби, отколку севкупно од вопоставувањето на дипломатски односи пред 30 години.
Од друга страна Бугарија ја губи битката за Македонија
Од друга страна, „честитката“ на бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Денков ги повторија познатите пораки за „бугарска содржина“ на Илинденско-преображенското востание како „најмасовент израз на волјата за слобода на бугарскиот народ“.
Тоа е далеку од тоа што треба да го краси духот на пријателството, а во споредба со гестот на Србија и српскиот претседател искусниот новинар и познавач на меѓународните и регионалните односи Атанас Кировски напиша дека „Бугарите треба многу да учат дипломатија од Србите и Александар Вучиќ.
„Нарави гест и го пречека претседателот Пендаровски во Прохор Пчински, ни го честиташе Илинден на македонски јазик, и нагласи дека македонски јазик има и се радува кога го слуша. Затоа на сите истражувања Македонците гледаат во Србите најголеми пријатели“, коментира Кировски.
За разлика од Србите, над 50% Македнци ги сметаат Бугарите за непријатели, укажува Кировски на анкетите, и објаснува дека тоа не е „ништо чудно, кога дури и за Илинден, Румен Радев наместо да испрати човечка и пријателска порака, најде за сходно да провоцира“.
„Можеше Софија да ја има улогата што сега ја има Белград, ама не ги бива“, поентира Кировски.
И новинарот на ТВ 24 Сеад Ризвановиќ речиси идентично ги оценува илинденските пораки на нашите соседи и согласно на тоа ја исцртува актуелната карта на односите на Северна Македонија со соседите.
„Бугарија ја загуби битката за Македонија“, напиша Ризавновиќ на социјалните мрежи и дополнува дека таа битка почна да ја губи „веднаш после погазувањето на Договорот за добрососедство, поразот го завери со резолуцијата во нивното собрание, а поразот го запечати со ветото за ЕУ“.
Со тоа, потенцира Ризвановиќ, „Бугарија ја изгуби битката за јавното мислење (Hearts&minds) на Македонците, и тешко дека ќе може нешто да смени во следните децении“.
Слично како и колегата Бранковиќ од Белград, и Ризановиќ ги гледа развојот на пријателските односи на Северна Македонија со дригите земји од Балканот и посочува дека „оската Белград – Атина, останува главен транспортен и бизнис коридор за земјава, со осетно зголемување на влијанието на Косово и Албанија во бизнисот што е одлично за земјава“.
Од сите “Црвени линии” во срамната резолуција на бугарското собрание, коментира Ризвановиќ, Софија се сведе на ставањето на Бугарите во уставот како дел од останатите народи, со што 3000 Бугари ќе застанат покрај останатите.
Ризвановиќ меѓусоседските односи на Македонија со земјите во нејзиното опкружување ги става и во еден поширок контекст и вели дека пред сѐ поради силниот притисок на Вашингтон, кој уште еднаш цврсто застана зад државноста на Македонија, „само слепци и будали не гледаат дека причината за опстанокот на државата во овие 3 децении лежи во силната подршка на Америка“.
И да, над Македонија се направени многу неправди во евроатланстките интеграции, но си имаме и ние безброј пропусти во сите области, од историја до корупција. Тоа е животот, полн со препреки, наместо плачење и кукање, потребни се решенија.
Како и да е, иако не очекувавме некоја пресвртна промена, илинденските чествувања и размена на пораки и честитки освен што ги потврдија актуелните односи на Северна Македонија со соседите. Се разбира, стремежот за пријателство останува и понатаму од наша страна да го искажуваме со добра волја и отворени раце. Tоа е одлика на Македонија ни Македонците и, всушност, само така со искрено се гради пријателство.
До тогаш, додека на масата не пристигне и бугарското, со Србија единствено отворено прашање е кој има подобро вино.
Извор: Рацин.мк
Линк https://racin.mk/
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ” за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување - Центар за вработување Битола.
Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признат од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци/ 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на: 13 образовни асистенти во средни училишта, 2 воспитувачи во детска градинка, 4 негуватели во детска градинка и 2 фасцилитатори во инклузивен центар за деца од ранливи групи.
Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање може да се добијат на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2023/08/Јавен-Повик-21-лицe-2023-.pdf
Општина Битола
Меѓу двте светски војни, грчката влада, старите области од југ до север ги прекри со национални костими. Порано костимите беа како во горните битолски села. Од Арменско (Леринско) на север кон Буково, Битолско, имаа иста носија. Ние во Грција не ги нарекувавме горни битолски села, туку планински села зашто се на Пелистер, рече Јанис Константину, едукатор, учител и истражител на традиционални танци од Грција во своето предавање на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола. Тој имаше половина час изглагање за традиционалните ора, носија и музика во неговото родно село Арменско според сегашната грчка топонимија Алона.
„По Илинденското востание, Турците запалија многу села околу Пелистер и Вичо Планина. Едно од нив беше и моето село Арменско. Тоа е старото име, а од 1928 година кога грчката влада ги смени сите тополними на селата и градовите, тоа стана Алона“, рече Константину.
Тој во рамки на Семинатот за традиционална музика и игра на „Илинденски денови“ истакна дека идентитетот на неговото село беше сочувано во костимите, игрите и музиката. Презентираше фотографии на кои можеа да се видат како народните собири се правеле со традиционалните македонски музички интструмети кавал и гајда, за кои и предавачот рече дека биле многу чести. Посочи дека по Првата светска војна почнаа да се менуваат музичките инструменти, како и облеката и играта.
„Арменско е значајно поради традицијата на семејните ора. Имаше семејства кои користеа свои чекори, не се позајмуваа од друго село. Тоа ја направи Алона важна во стариот регион бидејќи имаа семејни ора, тој феномен го немаше во другите села“, рече Константину.
Но, и покрај сите промени, врската останала.
„Во 1968 година орото го викавме ‘Старско опуштено’, познато е многу добро во овие планински места на Пелистер, Вичо и Преспа, но во Алона имаме специјален начин на игра за него, истиот ритам тука се нарекува Беранче, но има поинакви чекори“, рече предавачот.
Таткото на Константину бил партизан, учесник во Граѓанската војна во Грција, кој потоа преминал во Југославија, работел во Скопје и играл во „Танец“. Во педесетите години од минатиот век било тешко да се вратиш од Југославија во Грција, но тој успеал со народната игра. Прво учествувал во танчерски игри и театри во Атина, а потоа се вратил во Арменско каде организирал играорна група со челнови од Арменско и Буф. Настапувале пред државници и така Алона станала позната во Грција.
За жал, рече Константину, на Арменско најголемиот зијан му се случаил за време на Грѓанската војна. Пред неа селото имало над 900 жители можеби и илјада, а по 1945 година 400, по седумдесетите година 300, а десен 120. Во Мелбурн има 2000 жители до потекло од таму, а во Торонто, Канада 1000.
„Сите тие луѓе го напуштија селото за време на Втората светскла војна, Граѓанската војна и потоа меѓу 50 и 60 години од минатиот век и таму создадоа семејства“, рече Константину.
Ж.ЗДРАВКОВСКА
На 02.08.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во с.Долно Дупени, ресенско, ги лишиле од слобода Х.Љ.(36), Д.С.(41), Ј.Н.(28), сите од Битола и А.А.(35), И.Т.(47), Б.С.(37), сите од Скопје, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана. По документирање на случајот против лицата ќе следува соодветна пријава.
"Да си ја сакаш државата, значи да се бориш и да се избориш за нејзините перспективите и за перспективите на граѓаните. Така е добиена битката за слобода. За своја македонска држава. За свој македонски јазик. За признавање на македонскиот идентитет. Обединети ја добивме битката за членство во НАТО. Обединети можеме да ја добиеме и следната битка, полноправното членство во Европската Унија" рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање за 2 Август на споменикот на слободата "Сила, слава и победа" на тврдина Кале во Скопје.
Тој додаде дека потребна е одлучност, а не страв бидејќи одлучноста не е отсуство на внимателност туку е отпорност кон предизвиците.
"Нашето место не е назад во изолација, туку напред во европското семејство на народи и државите, со кои културно се натпреваруваме, како што и го видел светот уште пред повеќе од еден век, великанот и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев" рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека по трнлив пат, со безброј предизвици, однадвор и одвнатре, кој што сè уште ги има, но и со големиот влог на низа одговорни генерации кон својата татковина, кон младите и кон идните поколенија, денес сме дел од демократските сојузи на народи и држави, по патот на напредокот.
"Секако, ниту еден успех не е постигнат еднаш засекогаш. Поуката од минатото е дека иднината зависи едниствено од изборот што го правиме денес. Затоа, тој избор - нека не се предрасуди" рече Ковачевски.