АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Доцна попладнево излетало возило на патот од Прилеп за Битола.
Велосипедисти од иницијативата „Битола на точак“на плоштадот Магнолија со бели ленти обележаа простор колку што зафајќа еден шлепар и колку велосипеди можат да застанат на таа површина. Со лентите ги обележаа и мртвите агли кои возачите на тешките товарни возила не ги гледаат, па претставуваат опасни зони кога минуваат низ центарот на Битола.
Најверојатно од силниот ветер во текот на ноќта беше преполовено знамето кое се вее на јарболот кај влезот на Шеталиштето.
Горан Козаров најверојатно ќе биде новиот директор на Јавното претпријатие „Водовод“, а Панде Богоевски прв човек на ЈП „Комуналец“, неофицијално дознава Апла.мк.
Некои политички структури не заплашуваа дека ќе ни се населат мигранти, а една третина од градот ни мигрираше.
Вработените од Управата за јавни приходи по повод верскиот празник Свети Матеј, познат како Денот на даночниците, ја покажаа својата хуманост донирајќи пелени и средства за хигиена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.
Излетничкото место во близина на крстосницата од патот за Ротино прерасна во депонија. Несовесни жители од Битола и околните села таму се ослободуваат од различни видови смет. Ѓубрето го оставаат таму со надеж дека никој не ги видел, занемарувајќи го фактот дека ја загадуваат природата. Со ваква свест на некои граѓани, Европа уште долго ќе ни биде далеку.
Горе од улицата „Прилепска“, долу до „Брегалничка“, десно од „Гоце Делчев“, а лево до „Наум Наумовски Борче“, овој своевиден правоаголник е означен како алармантен регион на мапата со идентификувани аерозагадувачи во Битола, изработена во рамки на проектот на Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола. Во овој правоаголник има повеќе приватни објекти, односно домови кои се идентификувани и пријавени од граѓаните како загадувачи, еден објект за производство на храна и една фабрика. Загадувачите се евидентирани и со фотографии. За жал, во овој реон се наоѓа и училиштето „Даме Груев“ и градинката „Пролет“ каде секој ден престојуваат неколку стотици ученици.
Општина Битола исплати над 60 000 евра или 3 670 000 денари долг кон спортските клубови во градот. Во писменото соопштение од Општина Битола пишува дека иако обврските беа преземени, а истите не беа исплатени од претходното општинско раководство, градоначалничката Наташа Петровска, со цел да не се доведе во прашање функционирањето на спортските клубови, одлучи да ги исплати заостанатите средства.
Исплатени се 800 000 денари на Кошаркарски клуб „Пелистер“, 1 270 000 денари на Ракометен клуб „Пелистер“ и 1 600 000 денари на Фудбалски клуб „Пелистер“. Со денешната уплата на средствата на Фудбалскиот клуб „Пелистер“, Општина Битола во целост ги исплати обврските кон овој клуб кои произлегуваат од меѓусебниот договор.
Во соопштението пишува дека градоначалничката Петровска и во иднина, во рамките на финансиските можности на општината, ќе го поддржува спортот во Општина Битола.
Санација и реконструкција на патниот правец од Битола за грчка граница, на оној од Битола за Новаци и санација на влезот од страната на Прилеп, како проекти се вклучени во годинешната програма на Агенцијата за државни патишта на РМ. Ова било договорено на вчерашната средба меѓу битолската градоначалничка Наташа Петровска и директорот на Агенцијата за државни патишта, Зоран Китанов.
Со ова во идниот период се очекува да бидат реконструирани овие патни правци кои досега беа само крпени и поголеми инфраструктурни зафати немало подолго време, со исклучок на излезот за Прилеп кој преку прокет на ЕУ беше самиран но до бензиската на „Лук Оил“, а патот понатаму не наликува на градски приод. Во слична ситуација е и патот за грчка граница каде минатата година кога се крпеа дупките, ставениот асфалт место со валјак, работниците го тапакаа со нозе.