АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вработените од Управата за јавни приходи по повод верскиот празник Свети Матеј, познат како Денот на даночниците, ја покажаа својата хуманост донирајќи пелени и средства за хигиена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.
„Управата за јавни приходи шеста година по ред ја одржува својата традиција во делот на хуманоста под мотото ‘Биди човек, биди хуман’. Целиот колектив во Управата за јавни проходи собра парични средства и ги купивме неопходните работи што беа потребни во овој дом. Претходно имавме и крводарителска акција за вработебни во УЈП со една достапна бројка од околу 150 даночници кои денес даруваа крв за да спасат живот. Секогаш УЈП ќе биде на страната на хуманоста, човечноста и секогаш ќе помагаме онаму каде е најпотребно“, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Директорката на Домот за доенчиња, Соња Илиевска, се заблагодари за хуманиот гест на вработените во УЈП, додавајќи дека со оваа донација ќе им се збогати животот на 69 дечиња кои живеат во колективна заедница во Домот за донечиња и мали деца во Битола.