АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ Симеон Мони Дамевски го објави добитникот на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на 44. Фестивалско издание што ќе се одржи од 23 до 29 септември.
Од Пелагонија дартира најстарото потекло на леќата и грашокот во Европа Со археоботаничките анализи на растенијата пронајдени при ископувањето на археолошкиот локалитет Влахо во Пелагонија се детектираа остатоци од повеќе мешункасти плодови и житарици. Нивното датирање со помош на радиокарбон анализите потврди дека тие биле користени во втората половина на 7-от милениум п.н.е. што ги прави овие остатоци од Влахо најстари досега датирани леќа и грашок во Европа.
Остатоците од леќа, грашок и житарици откриени се при археолошкото истражување на локалитетот Влахо кај Живојно во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј Битола. Со примена на археоботаничките и радиокарбон анализи во Универзитетите во Базел, Белград, Севиља и Цирих се детектираа видовите и се утврди нивната старост од околу 8 300 години. Во текот на овие истражувања се посочува и на тоа дека житариците и афионот откриени на Влахо се исто така едни од најстарите во Европа, што дополнително ќе се проверува со натамошните анализи. Археоботаничките проучувања на Влахо се изведени во релација со неолитските локалитети Врбјанска Чука и Велушка Тумба во Пелагонија, така што резултатите посочуваат на различни стопански практики меѓу овие населби. Исхраната се адаптирала на климатските разлики во регионот, така што во голема мера се конзумирал грашок, пченица, јачмен и леќа, а постојат индикации и за можна подготовка на пиво. Посевот најчесто се жнеел во пролет, додека еднозрната пченица била повеќе користена во северните делови на Пелагонија.
Резултатите од овие археоботанички истражувања се публикувани во Vegetational History and Archaeobotany, кое е едно првите десет археолошки списанија со највисок импакт фактор во светот. Тоа воедно ги потврдува научните аргументи поврзани со неолитската исхрана во Пелагонија и раното датирање на мешункастите растенија и житариците. Освен истакнатиот научен карактер на публикуваните податоци, овој труд исто така го презентира и предисториското културно наследство во Македонија во светски рамки и ја акцентира неговата битна улога во појавата на земјоделството во Европа. Археоботаничките анализи се направени од Амалиа Сабанов, Феран Антолин и Раул Сотерас, радиокарбон анализите од Ирка Хајдас, а изведени се во рамки на мултидисциплинарното истражување на неолитските тумби во Пелагонија под раководство на Гоце Наумов.
Мултидисциплинарните истражувања на Влахо, Врбјанска Чука и Велушка Тумба се одвиваат повеќе години и даваат сосема ново светло за значењето на пелагонскиот неолит во поширок европски контекст. Освен археолошките ископувања, на овие локалитети применети се и геофизичкото скенирање, геоархеолошки, археозоолошки, археоботанички, антрополошки и радиокарбон анализи, како и проучувањето на липидите, изотопите и функциите на алатките. Локалитетите се документирани со фотограметриски модели и ласерско скенирање, а исто така направени се и дигитални 3Д реконструкции на градбите и неолитските села, што овозможува нивно доследно презентирање и пред пошироката јавност. Ваквиот пристап обезбедува доследно толкување на времето и карактерот на овие неолитски тумби и нивно истражување преку најсовремените археолошки методи. Досегашните резултати се публикувани во повеќе врвни меѓународни списанија и презентирани на разни предавања и конференции во Европа и САД, што воедно ја прават Пелагонија поприсутна на светската археолошка мапа.
– Во денешниов свет не е возможно да останете настрана од глобалните процеси каде што нашиот најголем национален и државен интерес е да градиме партнерство со сите оние за кои Европа е домот кој нѐ интегрира и нѐповрзува. Република Северна Македонија е држава која сигурно чекори кон својата иднина при што, убедена сум, нејзини најголеми поддржувачи кон европскиот пат се токму младите – порача министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска од Валандово.
Таа денеска пред инфо-точката за младинска соработка „Спојувалка“, се обрати на отворањето на второто издание на Младинскиот фестивал „Доживеј ја соработката“, на кој учествуваат млади луѓе од земјава и од Република Грција.
– Луѓето што ги сретнав денеска во градот и атмосферата што ја создаваат активностите на младите се потврда на мојата идеја дека соработката на идните носечки умови во Европа со својата нова автентична колективна енергија уште еднаш потврдува дека пријателството, идеите, креативноста и посветеноста го обликуваат светот во кој живееме – рече министерката за култура.
Според Костадиновска-Стојчевска, фестивалот е одлична можност за поттикнување на потенцијалот на младите генерации, да се дружат, да се забавуваат, да се запознаваат и да соработуваат преку широк спектар активности, како: интересни спортски игри, квалитетни културни содржини, музика, гастрономија.
– Верувам и знам дека фестивалот и во иднина ќе биде место каде што соработката ќе цвета, каде што идеите ќе се споделуваат, а инспирацијата ќе се множи. Заедно можеме да го изградиме светот што го сонуваме – свет полн со инклузивност, разнообразност и непрекинат стремеж за нови постигнувања – рече Костадиновска-Стојчевска.
Младинскиот фестивал „Доживеј ја соработката“ го организираат Младинскиот сојуз од Крушево и „SEE in Action“ од Република Грција, кои се и иницијатори за формирање канцеларии за младинска соработка меѓу младите од Северна Македонија и од Грција, „Соработка за заедничка иднина“, поддржани од Амбасадата на САД и од Амбасадата на Германија.
СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2023, во чии рамки годинава ќе се одржи и Балканското и државното првенство во полумаратон, на ден 3.9.2023 година (недела) во Битола, во временскиот период од 7 до 12 часот ќе преземе мерки на посебен режим на сообраќај на следните релации:
-Старт на трката: Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула – „Бул. 1-ви Мај“ од страната на Музичко училиште се до кружниот тек кај Педагошка – улица „Генерал Васко Карангелевски“ од кружниот тек кај Педагошка до кружниот тек кај Веро – улица „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик (ул. „Довлеџик“ која води кон Вила Молика ќе биде слободна) – Бул. „1-ви Мај“ од страната на Општина Битола – ул. „Филип II Македонски“ се до кружниот тек кај Дулие – ул. „Батаљон Стив Наумов“ – ул. „Прилепска“ од кружниот тек кај Дулие до ул. „4-ти Ноември“ – ул. „4-ти Ноември“ до крстосницата со ул. „Солунска“ и обиколницата – ул. „Солунска“ до ул. „Широк Сокак“ Од Широк Сокак од ул. „Солунска“ до стартот на трката кој воедно е и цел.
Цел на трката: Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула. Апелираме до граѓаните паркинг местата кај Плоштад Магнолија односно Саат Кула и на ул. Солунска кај Широк Сокак да бидат слободни во недела наутро со цел непречено движење на тркачите меѓу кои ќе има и репрезентативци на повеќе земји. Предвидени се доволно алтернативни рути и полициски службеници кои ќе го контролираат сообраќајот. Во случај на итност (медицинска помош, полиција, противпожарна служба) повикајте ги надлежните служби. Здружението „Трчај бе“ кое е организатор на настанот однапред се заблагодарува на сите Битолчани за нивното разбирање за овој голем спортски настан и ве повикува на бодрење на тркачите.
Со пригодна програма во школските клупи на битолските училишта денес седнаа 799 првачиња што е повеќе од лани кога имаше 783.
На почетокот на новата учебна година за сите ученици во основното и средното образование, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, ги посети основните училишта „Д-р Трифун Пановски“ и „Коле Канински“, каде им посака успешна учебна година на сите ученици, особено на најмладите, првачињата, кои со возбуда го дочекаа првиот училиштен ден.
Според премиерот Димитар Ковачевски никој не очекувал дека толку многу ќе биде значаен форумот Блед.
-Тоа е затоа што Мишел за првпат како предводник на телото на лидери на ЕУ кажа дека ЕУ треба да е подготвена за проширување во 2030 година, рече Ковачевски во гостувањето во Канал 5.
За идните мерки што ќе се преземат во однос на ценовниот шок било разговарано со министрите од економските ресори во Владата.
Интервенциите најверојатно ќе бидат во делот на маржите и во делот на разликата меѓу производните и продажните цени.