2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

РЕК Осломеј е во 48-часовен прекин поради пукната цевка, како најчест дефект во термоелектраните, кој брзо се санира.

Производството на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено преку другите електрани на АД ЕСМ, пред се со поинтензивно производство на двата блока во РЕК Битола.

Се очекува РЕК Осломеј повторно да биде на мрежа од сабота, 29.10.2022г.

Напоменуваме дека РЕК Осломеј во последните години работи со исклучително зголемен капацитет, благодарение на силните инвестиции кои беа направени во комбинатот во периодот од 2018 до 2020г во однос на термоелектраната, опремата, човечките ресурси итн.

Како резултат на тоа се забележува зголемено производство, така што заклучно со вчерашниот ден, производството од Осломеј достигна 219 GWh.

Со тоа РЕК Осломеј го исполни и го надмина планот за производство за 2022г.

„Им благодарам на Габриела и на Кирче за вкусниот тост, за љубезноста и за разговорот на крајот на овој ден во убавата Битола. Сега веќе знам каде на Широк сокак може добро да се вечера. Малите и семејните бизниси, се двигатели на економијата, драго ми е што има многу вредни луѓе кои веруваат во себе и ги развиваат своите бизниси, тука, дома“, рече премиерот Ковачевски. 

Караванот со граѓански трибини „Силно и одлучно кон иднината“ започнува вчерва (25.10.2022) од Битола. На трибината со почеток од 18,30 часот во Центарот за култура ќе присуствува и премиерот Димитар Ковачевски.

СДСМ започнува со серија граѓански трибини каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава. Мојата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, со заштитен македонски јазик и идентитет.

Се грижиме за граѓаните и за животниот стандард во време на криза. Но гледаме и напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ“, напиша Ковачевски на неговиот ФБ профил.

Вечерва (25.10.2022), Шуман и Чајковски ќе прозвучат со својата музичка раскошност во Офицерски дом во Битола, од 19 часот, на рециталот на пијанистката Горјана Стојановска.

По нејзините концерти низ Македонија во оваа 2022 година, со срце исполнето со убав трепет на емотивна трема, таа ќе настапи во својот град, родната Битола, пред својата публика.

Горјана Стојановска е родена во Битола. На осумгодишна возраст го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште - Битола, каде што и матурира во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Првите две години од високото образование на Факултетот за музичка уметност во Скопје ги поминува во класата на проф. Борис Романов, а вторите две во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска кај која и дипломира во 2017г, а во 2019г магистрира. Во 2018г се запишува на усовршуавње на Academia Talent Music Master во Бреша, Италија во класата на проф. м-р Рубен Далибалтајан. Академијата успешно ја завршува во 2020 година. Учествува на мастеркласи кај истакнати педагози меѓу кои: Борис Романов, Јуриј Кот, Андреј Диев, Рубен Далибалтајан, Јулија Губајдулина …. и многу други.

Горјана има освојувано бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Во својата кариера како пијанистка има реализирано бројни солистички рецитали, а во 2011 и 2014 г настапува како солист со Македонската филхармонија. Бележи настапи на повеќе фестивали како Есенски музички свечености - Скопје, Подиум на млади ( како вонредна програма на фестивалот "Охридско лето") - Охрид, Бит-Фест - Битола. Од 2021г работи како наставник по пијано во Државното музичко училиште во Битола.

Македонскиот народ, денес го одбележува 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба. Во знак на почит на овој значаен ден од македонската историја, пред споменикот на Даме Груев во Битола, свежо цвеќе положија пратеничката Силвана Ангелевска, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општина Битола, Сојузот на борци, како и претставници на политички партии, организации и граѓани.

„Поклон до земја за основачите кои во 1893 година во Солун ја основале Македонската револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет“, рече заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, честитајќи го денешниот празник.

Историската борба на македонските револуционери, продолжува да биде наш пример и обврска во денешнината, за гордо и истрајно чекорење напред, кон храбро надминување на предизвиците и создавање подобра иднина за генерациите кои доаѓаат, пишува во соопштението на Општина Битола. 

 

 

Вчера и денеска (21/22.10.2022), полициски службеници од СВР Битола, ОВР Македонски Брод, Крушево и Демир Хисар во координација со портпаролот на СВР Битола на подрачјето на Македонски Брод, Крушево и Демир Хисар спроведоа превентивна активност во рамки на која на граѓаните им беше претставена улогата на полицаец - позорникар.
Полицаецот-позорникар или маалски полицаец, кој на подрачјето на кое е назначен треба да врши надзор, има улога да го заштитува животот, личната сигурност и имотот на граѓаните, да спречува извршување на казниви дела и загрозување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, да укажува потребна помош и врши набљудување на подрачјето со оценка на безбедносната состојба.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани