АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, учествуваше на самитот на иницијативата „Отворен Балкан” во Белград, на тркалезната маса посветена на справувањето со енергетската криза, на која присуствуваа највисоките владини претставници од земјите учеснички, како и претставници од енергетските субјекти и институции.
Со министерот за економија на Република Северна Македонија, Крешник Бектеши и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, потоа имаа одвоена средба со српската вицепремирка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, на која разговараа за соработката меѓу двете министерства во областа на енергетиката, енергетската безбедност и за нови проекти.
АД ЕСМ, со максимална вклученост на расположливите капацитети, ја произведува целокупната електрична енергија за граѓаните и малите потрошувачи, а исто така ЕСМ ќе биде вклучен во реализација на договорените проекти за справувањето со енергетската криза кои ќе произлезат од иницијативата Отворен Балкан и од другите форми на соработка меѓу земјите во регионот, чие директно спроведувања во енергетиката ќе треба да тече преку АД ЕСМ, пишува во соопштението на компанијата. .
Иновативниот уред IQOS кој претставува подобра алтернатива на пушењето цигари ќе може да се најде во рамките на IQOS караванот, моментално поставен во Битола. Неговата локација е во уличката помеѓу Магнолија-Грне и Јени Џамија во Битола и ќе работи од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот.
Освен во Битола, овој уред е достапен и во продажните партнери во повеќе други градови во земјата. Во главниот град Скопје има вкупно пет IQOS зони и тоа во трговските центри Ист Гејт Мол, Скопје Сити Мол, Капитол Мол, Рамстор Мол и мобилната зона која се наоѓа во Веро Тафталиџе. Покрај тоа, овој производ може да се купи и онлајн преку веб-продавницата.
Уредот е резултат е на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис, а инвестирани се повеќе од 8 милијарди долари. Достапен на 71 пазар во светот и вкупно го користат 19 милиони луѓе, од кои 13,2 целосно се откажале од пушењето и направиле промена кон подобра алтернатива.
Градоначалникот Тони Коњановски веднаш да го објави идејното решение за просторот кај поранешен ЈАТ! Како ќе ги руши гаражите дури јавноста нема јасна и прецизна слика:
- што е предвидено во Деталниот урбанистички план за овој простор? Отворен паркинг или катна гаража со трговски центар и дуќани кои треба да завршат во рацете на ДПМНЕ?
- какво е сообраќајното решение за просторот? Колите ќе вртат десно од поштата, ќе поминуваат низ амбиенталната улица кај Пионерски, низ пешаците?
- станарите од зградата кај ЈАТ, над 300 на број, за гаражите плаќаат данок на имот, што значи тоа се објекти во нивна сопственост. Општината ќе руши кај сака и кога сака низ Битола?
- на која страна во изборната програма, Коњановски има ветено нешто за просторот кај ЈАТ? Се што ветуваше реализира, па уште ова му остана, праша Бојан Стефановски од СДСМ Битола
Малку недостигаше Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола годинава да го носи мотото „Manaki Мothers“ зашто голем дел од годинашните кинематографери и други гости се жени. Но, бидејќи не се обезбедија големи женски имиња за добитници на главните награди, ова можеби ќе остане како идеја за следната година, најави директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски.
„Имајќи предвид дека за дистрибуцијата на ‘Раката на господ‘ е одговорен ‘Нетфликс‘, кој има ригорозни високи стандарди за превод, тие сакаа да го направат низ многуте нивни филтри и нè ставија во неизвесност дали ќе го обезбедат преводот до почетокот на фестивалот. Не сакавме да ризикуваме, затоа се согласивме да го ставиме на програма следниот ден“, рече селекторот на главната програма Слаѓан Пенев.
Паралелно со филмската програма во Центарот за култура и во киното „Манаки“, во бавчата на Офицерскиот дом ќе има ревијални проекции на македонски филмови од програмата „Мак корнер’’. Организаторите сметаат дека „Браќа Манаки“ е местото каде што треба да се промовира и домашната филмска продукција. Ќе има и изложби, настапи на музичари и настани кои ја презентираат битолската традиција.Тоше Ивановски се осврна на Офф програмата која е придружен дел на Фестивалот.
-На Офф програмата работи тим креативци кои го покажуваат посебниот интерес на Битола кон фестивалот „Браќа Манаки“ како дел од нашата колективна меморија, нашиот идентитет и нашето историско наследство. Од исклучително значење е да кажеме дека Фестивалот „Браќа Манаки“ не е фестивал на некоја елита, туку е фестивал на граѓаните. Концептот на офф програмата е мошне атрактивен, со секојдневни изложби, колекционери кои ја раскажуваат филмската приказна на градот, живи слики, концерти на филмска музика...Особено сме горди што ја имаме за прв пат изложбата на Наум Карабатак, кој учел кај Манаки и која е наше историско наследство. На овој начин го презентираме живото културно наследство со Манаки, она со што сите ние како битолчани се гордееме. Би ја издвоил и изложбата на Државниот архив во Битола со која се одбележува 140 години од ражањето на Милтон Манаки. Таа има сериозно културолошко значење не само за градот, туку и пошироко, рече Ивановски, кој истакна дека сето ова заедно со концерти на филмска музика и настапи на познати музичари ќе го направи градот жив и интересен.
Извршен е претрес во Фабриката за марихуана во Битола, дознава неофицијално Апла.мк. Од СВР Битола детаљи ќе соопштат во текот на денот.
Александра Гичевска, врвна пијанистка, поранешна ученичка од Музичкото училиште во Битола, од класата на проф. м-р Маја Божиновска, во петок, на 19.08.2022, со почеток од 20 часот во Офицерскиот дом во Битола ќе одржи солистички концерт. Пред присутните вљубеници во уметноста ќе изведе дела на композиторите Р. Шуман, В. А. Моцарт, Ф. Шопен, Ф. Лист.
Алексaндрa Гическa е прилепчанка. Музичкото oбрaзoвaние гo зaпoчнувa вo OМУ во Прилеп кaде и започнува љубовта кон пијаното. Блaгoдaрение нa свoјaтa музикaлнoст и трудoљубивoст тaa зaбрзaнo нaпредувa при изучувaњетo на инструментот по што следат брoјни кoнцерти и учества на културни нaстaни вo Прилеп, Битoлa, Штип и Скопје. Пoд ментoрствo нa прoфесoрите м-р Филип и Мелaни Пеoски тaa нa девет гoдини гo oдржувa свoјoт прв сaмoстoен концерт. Кaкo пoтврдa зa нејзиниoт исклучителен тaлент се и мнoгубрoјните држaвни и меѓунaрoдни нaгрaди и признaнијa.
Средното образование во класата на проф. м-р Маја Божиновска е закитено со многубројни успеси, вклучувајќи и два настапи со Македонската Филхармонија во изведба на концерти на Сен-Санс и Рахманинов. Академското образование го продолжува во Германија, на Факултетот за музички уметности во Минстер во склоп на WWU Универзитетот. Музичките вештини и убавините на уметноста ги изучува во класата на реномираниот проф. Хериберт Кох.
Зa неa мoже дa се кaже декa е еднa oд ретките кoи oд нaјрaнa вoзрaст се oдликувaaт сo гoлемa виртуoзнoст и сериoзнoст при интерпретацијатa нa делaтa - кaрaктеристикa кoјa ги следи гoлемите уметници.
Во рамките на концертот ќе бидат изложени дела на уметникот Александар Поповски, талентиран млад битолчанец. Неговиот уметнички порив го изразува уште на 5 годишна возраст. Тогаш започнува да слика, а професионалнo се занимава со сликарство од 2013 година. Во период од две години Александар реализирал четири самостојни изложби, во чест на македонскиот поп пејач Тоше Проески. Изложувал во Битола, Скопје, Велес и Крушево (спомен куќата на Тоше Проески) во 2015 год.
Инспирацијата ја црпи од старите мајстори, како William Bouguereau, Rembrandt, Caravaggio, Michelangelo Buonarroti, Amedeo Modigliani и многу други.
Најчесто работи со јаглен, пастел, акрил, масло на платно, акварел. Слика ѕидно сликарство – мурали, фрески, икони и повремено скулптури. Неговите маестрални дела, нѐ натераа да заклучиме дека Градот на конзулите го добива својот Микеланџело.