АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението на пензионери од Битола им соопштува на своите членови – корисници на старосна, семејна и воена пензија дека започнува упис на млечни производи:
1.Кравји кашкавал штека (околу 3.0 кг.) за 310 денар/кг.
2.Кравји кашкавал вакум (парче околу 300 г.) за 320 денари/кг.
3.Мешан кашкавал штека (околу 3.0 кг.) за 330 денари/кг
4.Мешан кашкавал вакум (парче околу 300 г.) за 340 денари/кг
5.Кравјо бело сирење вакум (парче околу 300 гр.) за 220 ден.
6.Мешано бело сирење вакум ( парче околу 300 гр.) за 250 ден.
7.Биено сирење вакум (парче околу 300 гр.) за 320 ден/кг.
Француското и македонското знаме деновиве се веат едно крај друго во градот Епинал, семестен во областа Лорена, кој важи за еден од најцветните и комунално најуредени градови во Франција. Епинал деновиве го слави својот заштитник Свети Никола, а заедно со делегацијата од Општина Битола беа одбележани и 50 години од збратимувањето на двата града.
Вработените од Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола на своите сограѓани им го честитаат празникот 8 Декември, Денот посветен на Свети Климент Охридски кога се слави делото на овој оригинален писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа.
Битолскиот хор „Ѕвончиња“ ја распрска предновогодишната музичка магија овој пат на германски јазик. Педесетина деца од две до 15 години, членови на овој реномирам детски хор, изведоа целовечерен концерт пеејќи германски детски песни. Концертот што се одржа во Центарот за култура, беше дел од богатата програма со која деновиве се одбележуваат 22 години од постоењето на Здужението за македонско-германско пријателство и соработка. Младите хористи подготвувајќи ги песничките имаа можност да го вежбаат својот музички талент и да го збогатат речникот со германски зборови.
-Меркуриј го поживеал и војводата Сугарев
-Барешанец во Кападокија сонил да го гради манастирот
-Пеачот Гоце Николовски, по мајка од Барешани, се молел во храмот
Интензивно се чистат каналите околу Индустриската зона Жабени, до новата железничка пруга кон соседна Грција, локации каде каналите не биле чистени повеќе од десет години. Акцијата за чистење на каналите ја спроведува фирмата „Битолско поле“, која го стопанисува, користи и одржува системот за одводнување во битолскиот дел на Пелагонија и која работи во состав на АД Водостопанство на РМ.
Според раководителите на оваа подружница, во изминатава 2018 година од страна на подружница „Битолско поле“ Битола на територијата на општина Битола се исчистени 23 одводни канали со вкупна должина од 25850 метри.
Дваесетина дена црквата „Света Богородица“ во битолското село Трново е без струја, се жалат од Црковниот одбор. Велат дека струја снемало на 18 ноември кога влажниот и тежок снег ги искинал жиците од бандерите. Во исто време без струја останаа и повеќе битолски села, но таму дефектите беа санирани.
Протест за чист воздух се одржа попладнево пред Општина Битола во организација на независната советника група Поинаку. Присутните на протестот побараа да се преземат мерки за намалување на аерозагадувањето и субвенционирана цена на струјата во Битола.
По повод новогодишните празници, Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, одлучи да додели новогодишни подароци на 40 деца од посебните паралеки во Основното училиште „Ѓорги Сугарев“. На овој начин пензионерите сакаат да им ги разубават празниците на дел од децата со посебни потреби од ова училиште, меѓу кои има и социјални случаи.
Ова беше една од одлуките што ги донесе Извршниот одбор на денешната седница под претседателство на Томе Димитровски. На седницата беа разгледани повеќе прашања од доменот на активностите на пензионерите. Оценето е дека досегашната соработка со Здруженијата на пензионери од другите градови низ Македонија добро се одбива, а и во иднина се планираат активности за понатамошно интензивирање на соработката. Воедно, прифатено е и барањето на хорот „Сирма Војвода“ на 23 декември годинава да одржи целовечерен концерт во Центарот за култура.