АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Протест за чист воздух се одржа попладнево пред Општина Битола во организација на независната советника група Поинаку. Присутните на протестот побараа да се преземат мерки за намалување на аерозагадувањето и субвенционирана цена на струјата во Битола.
„Податоците велат дека во Битола бројот на заболени од белодробен карцином во моментот е 2,5 пати поголем од она на централно ниво. Бројот на заболени деца од малигни неоплазми е загрижувачки, додека концентрацијата на ПМ 10 честичките секој ден во Битола е над дозволеното ниво. Излеговме да го искажеме нашиот револт за она што и се случува на Битола. Воздухот нема политичка боја, а болестите не одбираат по партиска припадност. Битола полесно ќе дише само ако сме сите заедно единствени“, рече Грабриела Илиевска, советничка од Поинаку.
Советникот Иван Чулакоски од Поинаку рече дека очекувале поголемо присуство на битолчани.
„Битола сака да диши. Битола мора да диши, време е Битола да престани да биди колатерална штета за цела Макдеонија. Нашето барање за субвенционирана струја е само прв и мал чекор од она што Битола треба реално да го добие. Затоа ја повикуваме Владата на РМ да ги слушне нашите барања и добро да размисли за секој нареден чекор што ќе го преземе за Битола“, рече советникот Чулакоски.
Од советничката група Поинаку рекоа дека вчера Советот го прифатил нивниот предлог да се побара од Владата да преземи активности за добивање на субвенционирана цена на струјата, а денес се пишманат. Запрашани зошто побарале Советот да бара од Владата субвенционира струја кога е потребно за тоа да се направи измена во Законот за енергетика, што е надлежност на Собранието, од Поинаку рекоа дека така постапиле зашто Министерството за животна средина е под директна надлежност на Владата на РМ.
Тие рекоа дека соработуваат со сите навладини организации и поединци кои се грижат за здравјето на битолчани. На протсетот немаше претставници на политички партии.