АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Жителите на Месната заедница Јонче Мурџевски во Брусничка населба испратија јавна благодарност до компанијата Интерворкс која го уредува спортското игралиште во населбата.
Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола и ООУ „Даме Груев“, заеднички го одбележаа Месецот на книгата и Меѓународниот месец на училишните библиотеки.
На 08.11.2022 од страна на полициски службеници од СВР Битола од ул „Бул.1ви Мај" во Битола го лишиле од слобода Д. Д.(34) од Битола. Истиот се бараше по решение од судија за претходна постапка од Основен суд Битола за издржување на мерка притвор во траење од 30 дена за извршено кривично дело по чл. 215 од КЗ. Истиот е спроведен од Полициска станица Битола до КПУ Затвор Битола.
Проектот „„Младинско радио! Во етер!“ беше официјално отворен во петокот на 4 ноември со првата работилница. Настанот го отвори професорот по македонски јазик и литература, Никола Трајковски , кој воедно и ќе работи со учениците, се обрати и директорката на Гимназијата, Лидија Споа која дава огромна поддршка за проектот.
Овој проект предвидува вклучување на 20 млади луѓе во создавање на првото средношколско радио во регионот. Овој проект им овозможува на младите преку практични работилници да се вклучат во создавање на радио програма во соработка со експерти и новинари. Проектот е соработка на невладината организација „ГЕТ иновација“ Битола со СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола, и истиот е поддржан преку Програмата за Демократија при Амбасадата на САД во Северна Македонија.
Проектот се состои од 3 фази: одржување работилници и практични сесии, камп на кој учесниците ќе се сретнат со екперти и ќе имаат можност заедно со нив да ги испланираат активностите на радиото и формирање на средношколското радио и почнување со програма на радиото.
Денеска (03.11. 2022) во 17.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп пред новата автобуска станица во Прилеп е лишен од слобода К. Р. (30) од с. Октиси,Струга, кој претходно бил пријавен дека денеска околу 11 часот избегал од КПУ Затвор Битола. Лицето ќе биде вратено во казнено поправната установа.
„Гости сме на земјата“ - велеше Иљко, дофрли некој пред години во Клубот на уметници (театарскто бифе) на Битолски театар.
На 4-ти Ноември, денот на ослободувањето на Битола се крена животната завеса на еден од бардовите на македонскота театарска и филмска сцена – Иљко Стефановски (1952-2011), во една од централните улици во Битола.
Оваа година театарската неповторлива грамада Иљко Стефановски кој поседуваше нескојдневен и неверојатно раскошен актерски талент ќе го славеше 70 роденден.
Од неговата рана младост, па сè до неговото физичко заминување од овој свет - Иљко Стефановски оствари неповторливи театарски улоги како првенец на Битолскиот народен театар преку кои остана трајно запишан во македонската културно-театарска меморија, како уметник кој знаеше, можеше и бескомпромисно ја владееше театарската сцена и кога беше во центарот на театарското дејство и како спореден лик, дури и кога навидум имаше мала улога, а тоа ретко се случуваше поради неговиот раскошен талент, тој умееше да ѝ даде акцент и да биде значајно забележан. Публиката никогаш не остана рамнодушна на театраските претстави: „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Женидба“, ,,Веселите жени од Винздор“,„Црквичето четириесет маченици“, „Сонот на летната ноќ“, „Хамлет“, „Магбет“, „Бегалка“, „Натемаго на филозофскиот факултет“, „Вечерва Фалстаф“ и уште многу други.
Иљко Стефановски во 1976 година го заврши факултетот за Драмски уметности во Скопје во класата на еден од доајените на македонската театарска уметност, актерот Илија Џувалековски.
Потекнува од семејството кое учествуваше во формирањето на Битолскиот народен театар, негов татко беше познатиот актер Ацо Стефановски кого публиката го памети по неверојатната харизма и моќен глас, а неговиот стрико- актерот и режисер Димче Стефановски во 1944 година ја режираше и ја играше насловната улога во едночинката „Ѓоре Магарески“ по текст на Владо Малески, со која се означи подигнувањето на НУ „Битолски Народен Театар“ кој годинава на 14 ноември ќе го прослави 78 роденден.
Иљко Стефановски долги години беше селектор на фестивалот „Охридско лето“. Добитник е на државната награда „11 Октомври“ и на многу други во Македонија и регионот.
Оствари улоги во значајни филмски македонски проекти: „Пред дождот“, „Апусрдистан“, „Крчма на патот за Европа“, „Сенки“, беше дел од актерската екипа нас популарните тв-серии „Салон Хармони“ и „Погрешно време“, играше во серијалите од културно –образовната програма на МТВ.
Актерот Иљко Стефановски почина на 6 декември 2011 година. Битолчани, неговите колеги, пријателите, семејството постојано се потсетуваат на шеговитиот, темпераменен и жив карактер на актерот кој живееше и твореше неповторливо.
Линк од претставата „Женидба“од Гогољ, во режија на Александар Исаков (Русија)
https://www.youtube.com/watch?v=otb7V6T6cTM
Општина Битола работи на изведбени проекти за велосипедски патеки на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“, а идната година се очекува да започне изведбата на терен, соопшти Борче Димитровски, секретар на Општина Битола за време на јавната дискусија на тема „Урбана мобилност- можности, практики и одржливи проекти“ што во Битола се одежа во организација на Младинскиот културен центар – Битола и Локалниот економско-социјален совет на општина Битола (ЛЕСС Битола).
„Веќе работиме на изведбени проекти за велосипедски патеки на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“ за кои постои основен сообраќаен проект, одобрен од надлежните институции, сега се работат изведбените проекти и доколку се запазат соодветните рокови во текот на иднатат година, не можам да прецизирам дали во првата или вторатата половина би започнала изведбната на велосипедските патеки на овие два потега“, рече Димитровски.
Професорот Никола Крстановски од Техничкиот факултет рече дека урбаната мобилност значи обесхрабрување на употреба на автомобил во градот како превозно средство и поддршка на друг начини: јавен градски превоз, велосипеди, пешачки сообраќај, примена на информатичка технологија за побезбедно одвивање на сообраќајот. Тој смеа дека за одржлива урбана мобилност потребана е издржана сообраќајна студија.
„Битола има специфична урбана структура, старо градско подрачје, многу специфична сообраќајна мрежа и одговор на одржливата урбана мобилност може да се даде само со изработка на квалитетна сообраќајна студија заснова врз детална анализа на вистински податоци од терен. Со бројки, снимања, анкетирања, броење, да се добијат податоци кои потоа со силна софтверска алатка за изработка на транспортен модел може да се испитуваат тестираат и предложат оптимални решенија за градот“, рече Крстановски.
Има пракса во нашите градови, посочи професорот, врз база на импровизација и претпоставки да се изработуваат сообраќајни проекти. Тој нагласи дека сега е прилика со ГУП градот да изработи и квалитетна сообраќајна студија која ќе овозможи оставрување на таа политика на град со висок квалитет на живење.
Снежа Домазетовска претставник на Општина Центар во Скопје, но и на мрежата „Скопје на точак“ рече дека и Амстердам пред половина век личел на Битола и Скопје со метежот во сообраќајот, но со пристисоците на невладиниот сектор работите драстично се промениле.
„Мора да се биде активен и да се притиска. Тој е начинот за да се дојде до решенија. Примерите од другите градови тоа ни го кажуваат и Амстердам бил заглавен во коли , па денес е велосипедски и пешаки рај, но сликите од седумдесетите ни покажуваат дека бил сличен на Скопје и на Битола. И таму луѓето протестирале и дошле до она што е денес. Мора да има пристиок од граѓаните, стручни лица во јавната администрација и политичка волја“, рече Домазетовска.