АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Потпретседателката на Бугарија Илиана Јотова која вечерва допатува во Битола, не одговори директно на новинарското прашање дали нејзината посета на 4 Ноември-Денот на ослободувањето на градот од фашизмот е провокација. Но, подоцна одговарајќи на други прашања во врска со меѓусоседските односи на двете земји рече: ,,Јас се исклучувам од тоа натаму да минувам по пат на провокации и ние имаме општи интереси и цели".
Јотова во изјавите беше одмерена. Таа истакна дека е дојдена во Битола за утрешниот ден Задушница на кој од 1924 година во Бугарија се чествува споменот на сите бугарски загинати војници.
„Се молам за нивните души и молиме за разум повеќе да нема војни. Утре заедно со бугарската делегација ќе одам на првото признато и од двете страни бугарско воено гробиште во Цапари“.
На прашањето дали од Македонија ќе продолжи за Грција за и таму да чуствуваат на бугарските воени гробишта во Солун, Јотова рече дека таа нема да оди таму туку други претставници на институции.
За измените во Законот за здруженија со кои бугарските клубови во земјата ќе треба да ги променат имињата рече дека македонското Собрание е собрание на суверена држава и има право да носи секакви закони, но дека ЕУ ќе следи внимателно дали се исполнуваат сите начела од Договорот за добрососедство.
Инаку сместена е во хотел на Широк Сокак, а тука ја пречекаа бугарскиот конзул и амбасадор.
,