АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерката за одбрана и заменик претседател на Владата, Радмила Шекеринска, беше во работна посета на Здружението на пензионери од Битола. На средбата се разговараше за теми актуелни за пензионерите, а присутните имаа можност да ѝ поставуваат и прашања.
Како што информира претседателот на Здружението на пензионери од Битола, Томе Димитровски, средбата протече во најдобар можен ред и пензионерите беа задоволни од дговорите што ги добија од Шекеринска на поставените прашања.
Пратеничката Јагода Шахпаска при денешната посета на Клиничката болница од Битола рече делка е пријатно изненадена од начинот на кој сегашниот менаџерски тим успева со лимитирани финансиски ресурси да управува со состојбите во битолското здравство.
„Информирана сум дека имаат околу сто вработувања од кои 37 доктори, 13 доктори се испратени на сепцијализација на гранки кои се неопходни за нормално секојдневно функционирање на Клиничката болница. Во интерес на граѓаните преземени се четири приватни специјализации во јавното здравство, примени се нови медицински сестри. Генерално, еден сериозен ангажман што очекуваме дека ќе даде резултат во догледно време во интерес на граѓаните на Битола и на соседните општини имајќи во предвид дека болницата покрива подрачје во кое гравитирата повеќе од 200 000 граѓани“, рече Шахпаска.
Тоа што нашата земја доби поканата за членство во НАТО и очекува во брза постапка да стане рамоправна членка имаше и позитивни ефекти врз економијата, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска при денешната посета на Битола.
Од денес до петок во Битола група од 50-тина наставници и ученици ќе учествуваат во таканаречената активност за учење, настава и обука во рамките на меѓународниот проект „ Биди зелен“. Домаќин на оваа активност е Средното општински училиште „Таки Даскало“. Овој проект се реализира во рамките на прогрмата Ерасмус плус, која е водечка програма на Европската Комисија, фокусирана на образованието, обуката, младите и спортот.
Во купиштата смет што вчера ги собраа професорката Марија Магдалена Петковска Микаровска заедно со класот второ шест од Медицинското училиште во рамки на еко акцијата „Мети си со класнето“ имаше и исфрлени книги. Класнето 'на фејсбук профилот напиша „да читаа убајните колку шo фрлаа книги, немаше до ова ѓубре дереџе да сме“.
Месец на француска кујна, филм, музика, изложба, промоција на книга и франкофонска работилница се само дел од активностите за одбележување на Франкофонијата во Битола.
Во рамките на Месецот на франкофонијата, традиционално секоја година во нашиот град се одржуваат низа активности организирани од страна на Гимназијата “Јосип Броз- Тито” - Битола, Француската Алијанса - Битола и Француски институт од Скопје, како и учениците и наставниците од основните и средните училишта од Битола и околината. Во организацијата на дел од активностите учествува и професорките по француски јазик Елена Трпезановска и Жанета Наумовска од Гимназијата во Битола, заедно со нивните ученици од сите години кои го изучуваат францускиот јазик, со поддршка од Француската Алијанса и Францускиот институт од Скопје.
На седми март учениците присуствуваа на промоција на превод од романот „Малечка" на младата швајцарска авторка и авантуристка Сара Жислер. Настанот беше во организација на Француската Аијанса Битола и Францускиот Институт Скопје.
На 21 март 2019 во дворот на училиштето, се одбележа Меѓународниот ден на Франкофонијата со настанот “Гастрономско патување”. Учениците и професорите подготовуваа и дегустираа јадења и се запознаваа со вкусовите на Франција.
На 22 март 2019 во училиштето се одржа работилница на тема “Франкофонија“ каде учениците од билингвалните паралелки учествуваа во изработка на постери и цртежи на темата.
На 23 март 2019 Француската Алијанса Битола и Францускиот Институт организираа вечер со Француска музика во кафулето “Радост” со диџеј Frenchy.
На 25 март 2019 во Малата сала на центарот за култура се одржа проекција на филм во рамките на Француски кино-клуб - Циклус современ француски филм
На 27 март 2019 во училиштето имаше изложба на цртежи и фотографии на учениците на тема „Патување”, помогнатa од Француската Алијанса Битола и Францускиот Институт. Подоцна изложбата ќе биде поставена и во НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола.
Во втората половина на месец април, традиционално, ќе се одржи регионален и државен натпревар по Петанк – француска игра, спорт со фрлање топки.
Инаку, терминот „франкофонија“ се појавува во доцниот деветнаесетти век и ги опфаќа сите луѓе и земји што се служат со францускиот јазик. Меѓународната организација на франкофонијата е основана во 1970 година со цел да го промовира францускиот јазик, културната и јазичната различност, промоција на мирот, демократијата и човековите права, поддршка на образованието, како и развивање на соработката во служба на оддржливиот развој и на солидарноста. Таа се состои од од 75 држави и влади, од кои 56 членки и 19 набљудувачи. Република Македонија го зазема своето заслужено место во големото франкофонско семејство уште од 2006 година. Во Битола франкофонијата е долго време присутна, од минатото па се до денес.
Поради појавата на шумски пожари а врз основа на член 57 став (3) од Законот за шумите се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот. Забраната започнува да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување. Оваа забрана не важи за вработените во ЈП “Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми, шуми со специјална намена споменици на природата и сл).
За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.
Исто така, се известуваат сите граѓани дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, согласно член 23 од Законот за ловството и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.
За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството. Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП Национални шуми, субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми, шуми со специјална намена, споменици на природата и сл) кои вршат дејност заштита, МВР, Шумска Полиција, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, државниот инспекторат за животна средина и други инспекторати со слична надлежност.
Забраната не важи за движење во парк шумата Водно, Гази Баба како и за организирани тури на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, Националните паркови и заштитените подрачја со посебна намена во Република Северна Македонија кои ќе бидат одобрени со дозволи од соодветните субјекти кои стопанисуваат / управуваат со шумите во придружба на преставник од истите.
Голем пожар го зафати Преспанскиот регион, во делот кај туристичките населби Отешево и Сирхан, како и дел од Националниот парк Галичица. Досега пожарот зафати околу 300 хектари шума, а пожарникарите и вработени од Националниот парк се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот и да ја заштитат викенд населбата кај Сирхан.
Конфликтите мора да останат во минатото, а да се наметнат демократски норми, рече косовскиот амбасадор Ѓерѓ Дедај при работната средба со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. Од неговото доаѓање на амбасадорската позиција во земјава, ова е негова прва официјална посета на Битола.