2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Со свечена седница, потпишување на договор за соработка со Коломбел, Франција и други пригодни активности, општина Новаци денес прослави 23 години постоење.

„Од типично рурална општина пред 23 години, денес Новаци е општина со која сите треба да се гордееме. Таа денес претставува стопански, административен, образовен, културен, уметничнки и спортски центар. Постојано вложуваме во инфраструктура, во изградба на нови паркови, засадување на дрвја, реконструкција на училишта и градинки. Нашата општина е една од најперспективните рурални општини која интензивно се развива. Заедно со Советот на Општината и граѓаните, чекор по чекор, упорно работиме и ја градина општина Новаци“, рече градоначалникот Љубе Кузманоски.

Повеќе од половина од деновите во февруари годинава во Битола биле со загаден воздух со ПМ честитки над максимално дозволените концентрации, покажа извештајот на Платформата за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух „Земи Здив“. Извештајот за февруари што беше презентиран вечерва е врз основа на податоци од три мерни станици кои тогаш работеле, сега се веќе поставени седум, а се планираат 20. Мерењата покажаа дека загадувањето на воздухот расте по 17 часот.

Вработените од ЗК ,,Пелагонија" денес излегоа на протест пред дирекцијата на компанијата барајќи да им се исплати заостанатата февруарска и дел од јануарската плата. Од менаџментот рекоа дека денес или најдоцна до утре ќе им се плати февруарската плата. Ако тоа не се исполни вработените најавија дека ќе протестираат и утре. 

„Од јануари месец до сега само половина плата имаме земено, а април месец ете на прагот е. И покрај доцнењето на платите ни една работна обврска не е запрена. Нон – стоп се работи. Имаше и сеидба, се е сработено и фармите работат. Овде ако земите во просек 70 проценти се како мене, јас со четири стентови сум , четири илјади не ми стигаат за лекарства. Со кои пари да ги купам? И слушаме од мене од тебе, само нѐ лажат, па дури и ни велат ич да не работите плата нема“, рече работникот Владо Маловски.

Ова е втор протест за плати во ЗК „Пелагонија“ за неполни два месеца. Минатиот се одржа на први февруари кога не им беа исплатени две и пол плати, а по протестот попладнето една плата им легна на сметката.

„Луѓето не се задоволни немаат плата, од ноември редовно не се исплаќаат платите. Бараме да ни кажат што се случува, ќе го биде Комбинатот или не? Тука сме сите по 60 години и што ќе биди ако е вака секој месец“, рече Алексо Ризевски.

Павле Цветаноски, финансов директор, рече дека на околу 500 работници денеска или најдоцна до утре ќе им се исплати февруарската плата. .

„Се одржаа преговори со синдикалниот одбор и договорено е со менаџментот дека платата ќе биде исплатена денес или најдоцна до утре. Во основа ова задоцнување на платата произлезе од тоа што земјоделството има специфичен карактер и во овој период најголеми вложувања се вршат во сеидбата. Еден очекуван паричен прилив се одложи за извесен период и се очекува да се наплати овие денови и платата да се исплати. Ќе ја исплатиме платата за февруари, останува еден остаток од платата за јануари“, рече Цветаноски.

 

 

Во последните петанесет години не се случило во еден ден Територијалната противпожарна единица од Битола да има дури осум интернеции врз сериозни пожари, нити преку лето, а не пак во пролет. Така беше вчера кога пожарникарите дојави за пожар имаа од девет часот утрото до 20 часот вечерта. Најопасен беше пожарот кој избувна од депонијата меѓу потпелистерските села Ротино и Цапари, а потоа огнот носен од ветерот само што не ги зафати моликовите стебла на Пелистер.

Со натчовечки напори вечерва локализиран е пожарот што избувна во атарот на селото Ротино и не се дозволи проширување кон моликовата шума,соопштија од Општина Битола.

Вработени од хотел „Битола„ денес со лопати во рацете и земја се обидуваа да ја затрупаат дупката што зина во близина на хотелот. Таа е со пречник околу половина метар, длабочина околу два метри, а во внатрешниот дел исполнета е со вода. Засега не се знае од што точно се појавила, но претставува опасност зашто во хотелот престојуваат и стари лица, а на околу има згради, центри за едукација на деца и други фирми. На парче картон поставен е натпис „пази дупка“, но тоа како да го привлекува уште повеќе вниманието на минувачите, па сите ѕиркаат да видат што има внатре. Тоа е опасно бидејќи околното земјиште се лизга.

Повторно се бележат пешачките премини во Битола. Бележењето го прават неколку екипи на терен, најпрво во централното градско подрачје, особено на фреквентните улици, а потоа, ќе се продолжи и во останатиот дел од градот.

Македонски енергетски ресурси (МЕР) спроведува подготвителни активности на регионалниот пат Битола - Новаци, при што во тек е бушење за идното поставување цевки на магистралниот гасовод, кој треба да се стави во функција до крајот на 2020 година, велат за Апла.мк од Општина Битола.  

Успешно помина еколошката акција „Мети си со класнето“. На втора шест од Средното медицинско училиште, предводено од класната Марија Магдалена Петковска Микаровска им се придружија и родители, ученици од други класови, вработени на Правниот факултет, од здружението Геосфера, Мите Ристов со клас од Горната гимназија, од Млади хуманисти, од Народниот театар и други битолчани. Во акцијата учествуваа 60 битолчани на кои им пречи расфрленото ѓубре и сакаат чиста животна средина. Ја светнаа депонијата во околината на новиот пазар.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани