2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

УЧЕНИЦИ ОД ЕВРОПА РАЗМЕНУВААТ ЕКОЛОШКИ ИСКУСТВА ВО „ТАКИ ДАСКАЛО“ ВО БИТОЛА

Април 01, 2019

Од денес до петок во Битола група од 50-тина наставници и ученици ќе учествуваат во таканаречената активност за учење, настава и обука во рамките на меѓународниот проект „ Биди зелен“. Домаќин на оваа активност е Средното општински училиште „Таки Даскало“. Овој проект се реализира во рамките на прогрмата Ерасмус плус, која е водечка програма на Европската Комисија, фокусирана на образованието, обуката, младите и спортот.

 

Директорката на СОУ „Таки Даскало“ Елизабета Наумовска посочи дека во проектот учествуваат ученици и наставници од партнерските училишта од Истанбул -Турција, Тагровиште - Бугарија, Вила Верде - Португалија, Баја Маре - Романија и Авр - Франција.55813630 2811694892388268 160698013856038912 n

„Главна цел на овој проект е "зеленото образование" и неговите различни начини на интеграција во образовните системи во Европската унија. Учениците се потикнуват да ги развијат своите "зелени" вештини додека работат на ваков иновативен и меѓународен проект. Конкретно во Битола, во рамките на оваа активност учениците заеднички ќе работат на запознавање и споредување на иновативние идеи за одржлив развој како и акциите кои предходно ги презедоа на ова поле во своите училишта, а се однесуваа на специфичните цели на интерес на проектот: храна, биодиверзитет, отпад, вода, енергија и солидарност“, рече координаторот на проектот Гордана Јордева.

СОУ Таки Даскало како училиште домаќин ќе организира посета на соларна централа, на етно ќука со традиционална „од нива на трпеза“ храна, на природонаучен музеј, прочистителна станица за вода, нагледни часови во училиштето, запознавање на културно-историски места, како и многу работилници поврзани со овие посети.55882226 2562740400463846 6126146329434390528 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани