АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Невремето со силни врнежи дожд што попладнето ја зафати Битола искрши дрвја низ градот, а предизвика и поплави во визби од станбени објекти. Иако траеше кратко, невремето предизвика проблеми во одделни делови од градот.
Во изминатите пет години во Техничкото училиште во Битола се извршени капитални инфраструктурни зафати, први во толкав обем во последните 36 години од кога постои училиштето со кои во огромна мера се подобрени условите за учење и работа во училиштето од кои бенефит гледаат и учениците и вработените.
Заедно со проектот за нова енергетски ефикасна фасада кој го финансира МОН и е во фаза на очекување на започнување на градежните работи, во училиштето се вложени близу 600.000 евра. Променет е стариот азбестен покрив, заменета е старата дрвена дограма со нова ПВЦ, комплетно е заменето осветлувањето со економични ЛЕД панели, направени се најдобрите спортски терени во градот кои се единствени со мека тартан подлога, заменети се подови во училниците, поставено ново заштитно громобранско заземјување, бојадисани се училниците, комплетно е реновирана спортската сала, вложено е во модернизација на нагледните средства и многу други активности.
Уште едно ново големо достигнување на раководниот тим на училиштето е аплицирањето на Регионален фонд за предизвици за Западен Балкан (RCF) каде успешно го помина филтерот на првата фаза во која аплицираа 123 апликанти од Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија. Апликацијата на техничкото училиште успешно ја помина првата фаза и влезе во фаза помеѓу 47 успешни апликации од кои само 9 од Македонија.
„Со овој успех сме на чекор до добивање на грант во износ од 584.000 евра средства наменети за техничка поддршка и опремување на училиштето со што со сигурност ќе бидиме едно од најдобро опремите училишта во југозападниот дел на државата. Во периодот што следи не чека напорна работа во следните фази, но се надевам дека ќе влезиме во финалниот избор. Напорно работевме да го постигниме овој успех. Искрана благодарност до ФОД и Кромберг и Шуберт со кои аплициравме како конзорциум. Вработените на овие фирми уште еднаш покажаа и докажаа дека се општествено одговорни правни субјекти кои несебично вложуваат во подобрување на условите за работа во училиштето и со тоа го помагаат развојот на образованието во градот. И со двете фирми имаме одлична соработка и примена на дуалното образование, а учениците имаат можност практичната настава да ја изведуваат во реални компании по највисоки стандарди под водство на сертифицирани ментори“, изјави за Апла.мк директорот на техничкото училиште, Владимир Роме.
- Соработката со Делегацијата на германското стопанство е на највисоко ниво, а во следната учебна 2022/23 година ќе ја имаме првата генерација матуранти од профилот техничар за индустриска мехатроника кој се изучува по гермаски систем на дуално образование во соработка со Кромберг и Шуберт. Сега гледам дека донесов вистинска одлука кога во 2019 год. го прифатив предлогот на Делегацијата на германското стопанство во нашето училиште да се воведи дуално образование по германски стандарди. Како некогашен ученик во ова училиште гледав напред и сакам ова училиште да биди најдобро стручно училиште во државата и се` што правев и правам во последните близу пет години е во таа насока. Условите во кои учат овие ученици во Кромберг и Шуберт се просто кажано европски и само со такви услови на работа ќе можиме да продуцираме уште поквалитетни кадри.
Упатувам искрена благодарност и до градоначалникот на општина Битола, г-динот Тони Коњановски кој без двоумење го потпиша Писмото за поддршка со кое застана зад нас при поднесувањето на апликацијата до РЦФ фондот. Во изминатиот период имавме одлична соработка со општината и беа издвоени големи средства за подобрување на условите за работа во училиштето и искрено се надевам дека тој тренд и соработка ќе продолжат и во иднина“, рече Роме.
Во Завод за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, која е најстариот завод од ваков тип во државата, формиран 1955 година, отворена е сензорана соба наменета за децата со сензорна дезинтеграција. Заводот годишно го посетуваат 300 деца и собата ќе им овозможи унапредување на координацијата и комуникациските вештини. При пуштањето во употреба присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали, како и неговиот заменик Владимир Рендевски. Сали рече дека кај нас, како и во светот, во последните години расте бројот на лица со сензорно моторна дезинтеграција, дезориентација и проблеми со аутистичен спектар.
„Видовме една успешна инвестиција која придонесува за поуспешна и поефективна рехабилитација на мали деца и млади пациенти кои имаат сензорна деизнтеграција и деца со проблеми со аутистичен спектар што во последниот период кај нас, па и во светот е некаков тренд на раст на број на пациенти. Престојот во сензорната соба им овозможува на децата да развијат сензорни вештини, а притоа стимулирачката и смирувачката атмосфера озозможува подобра координација и унапредување на комуникациските вештини. Ова е центар кој ќе преидонесе за навремена дијагноза и третман за рехабилитација на овие пациенти“, рече Сали.
Заводот има болнички дел со капацитет од 25 лица, како и амбулантен кој е многу поголем. Доаѓаат деца од тригодишна возраст, па нагоре.
„Имаме нова сензорна соба која е од големо значење за нашите мали пацинети, а тоа се децата со сензорна дезинтеграција. Се надеваме дека ќе придонесе многу за нивна побрза рехабилитација. Мислиме дека ќе има голем успех. Собата чини 3,7 милиони денари, од кои 180 900 се донација од Стопанската комора, а останатите се наши сопствени средства“, рече директорката Дивна Живорадиќ- Најдовска.
Со децата во Заводот работат десетина специјалисти во нивната област, од кои четворица магистри. Установата работеше и за ковид-кризата, а министерот ја издвои како пример на јавна установа која не направила долгови.
„Обноваена е опремата, климатизери за секоја работна соба, ИТ поддршка за сите вработени и ја сметаме за една од јавните установи кои треба да се користат како модел зашто во време на пандемнија нема создадено јавни долгови што пак е тренд и забележуваме дека сите јавни здравствени установи во текот на пандемијата предизвикуваа долгови“, додаде Сали.
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на ковид 19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65.8 проценти.Воедно, констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации,во моментот се хоспитализирани 10 пациенти, и нема зголемување на бројот на смртни случаи.
Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од ковид-19 во соседните држави и светот, Од Комисијата потсетуваат на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.
„Дополнително, препорачуваме граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце“ соопштија од Комисијата за заразни болести.
Од таму додаваат дека внимателно ја следат состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки.