2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Започнаа градежните активности за реконструкција на коловозот на улица „Наум Наумовски Борче“ која не беше  целосно реконтруирана откако е направена, па е во многу лоша состојба.  Улицата се реконструира во должина од 373 метри, а истата е дел од проектот за „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици“, кој општина Битола го реализира оваа градежна сезона. Од овој проект, активностите се завршени на 11 улици, а на 4 улици се во тек. 

Градоначалникот Тони Коњановски денес изврши увид врз градежниот зафат. 

0

По успешниот концерт на „Танец“ и Влатко Стефановски во Скопје, во ноември минатата година и големиот интерес за нивен настап надвор од земјава, како неодамнешниот на големиот фестивал Лент во Марибор, Словенија, неизостaвно е овој врвен проект да прозвучи и на домашните летни сцени. Концертот на Хераклеа во Битола е закажан за 27 јули, а ќе се одржи во рамките на традиционалната манифестација „Илинденски денови“ и ќе биде вистински спектакл.


Влатко Стефановски е стар пријател на Танец, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапено со ансамблот, и дома и надвор. Секогаш соработките со „Танец“ ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, како за македонската музичка култура во целост. Но, иако македонските фолклорни мотиви, како и фрагментите од репертоарот на „Танец“, се неизоставен дел од неговите изведви, Влатко, освен повремените еднократни настапи со „Танец“, никогаш досега не остварил целовечерен концерт со ансамблот. Конечно, во рамките на проектот „Танец и Влатко“ овие два бренда ја делат сцената на голем концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“ , „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии на „Елено, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, специјално ги напиша познатиот македонски композитор, аранжер и инструменталист, Дамир Имери.


Оваа врвна фузија, од која излезе уникатно парче музика, заслужено го живее својот продолжен концертен живот, дома и надвор од границите на земјата.

 

Во изминатите шест месеци од оваа година, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Битола привеле 31 лицe кои со судски наредби се барале за издржување и доиздржување на затворски казни на подрачјето на СВР Битола.

Најголемиот број од нив биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Битола“, а биле осудени на затворски казни за имотни деликти, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства и други дела.

Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола на 07.07.2022 поднесе кривична пријава по член 236 од КЗ против Ѓ.З.(31) од Битола. Тој бил баран по централен распис од СВР Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

 

Во координација со полициски службеници од СВР Охрид тој бил лишен од слобода во еден сместувачки објект на подрачјето на Охрид, при што извршени се и претреси. Притоа, кај него биле пронајдени пари (во различни апоени и валути) и повеќе други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело како и алати и средства погодни за извршување на кривични дела -тешки кражби, како и прашкаста материја.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани