АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар присуствуваше на чествувањето што се одржа денес на споменикот на Мурато на Копанки, Пелистер, по повод големиот јубилеј, 30 години од освојувањето на највисокиот врв на светот Монт Еверест од страна на битолчаенцот Димитар Илиевски.
Лути пиперчиња за несовесните возачи и пешаци, а брошови за совесните делеа денес во Битола полицајците во придружба на ученички сообраќајни единици. Вака на симболичен начин во Битола беше одбележан Денот на сообраќајната култура од страна на СВР, Општинскиот совет за безбедност на патиштата и со клубовите на моторџии. Лутите пиперчиња и брошевите беа донација од мото клубот ,,Ѓорги Стефановски” и претседателот Даниел Ивановски.
Изведувајќи една од најопеаните шансони на дваесетиот век „Лили Марлен“, како и други музички нумери на големата и незаборавна Марлен Дитрих, хрватската актерка Ксенија Прохаска ги воодушеви битолчани. Со врвна сценска изведба, многу емоции и солзи, но и со прекрасен алт, таа синоќа настапи со монодрамата „Марлен Дитрих“ на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола.
Денес се одржа првата промоција на книгата „Аурора“ на Ивона Марковска- Нона на Саемот на книгата во Скопје. Битолчанката Ивона ги потпиша книгите на заинтересираните читатели на штандот на „Култура“. Промоцијата за Битола е закажана за 22.05.2019 од 17:00 часот во Малата сала на Домот за Култура.
Имав само девет месеци кога татко ми Димитар Илиевски –Мурато ме стави во обичен ранец и ме однесе на Пелистер, емотивно раскажува Јонче Илиевски, син на Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест (8848м.н.в.), но за жал не успеа да се врати назад. Утре се навршуваат три децении од неговиот храбар подвиг, па по тој повод ќе се организира 30-от традиционален планинарски марш на Пелистер, изложба, а семејството на Муратот денес беше примено во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска.
Со прегратка, изведба на јапоснки танц и макесонски ора учениците од најголемото основно училиште во Битола „Климент Охридски“ ѝ се заблагодарија на јапосната амбасадорка во земјава Кеико Ханеда за грантот во износ од 50 000 евра со кој беше реновирана дограмата во школото. Од 1996 до сега преку Јапонската амбасада во земјава реализирани се 66 проекти за подобрување на условите за настава низ училишта во земјава. Досега Јапонија во македонските образовани установи вложила 6 690 667 евра.
Оставка си даде министерот за култура Асаф Адеми во чие време на министерување дел од културните манифестации во Битола останаа без денар или со рапидно намален буџет.
За неполн процент повеќе гласови од Стево Пендаровски освои Гордана Силјановска Давкова во вторниот круг од претседателските избори во Битола. Според првичните неофицијални податоци на ДИК од обработени 100 проценти од гласачките ливчиња, Силјановска Давкова освои 48,56 проценти од гласовите на битолчани, а Стево Пендаровски 47,86 проценти. Во бројки тоа се 21 596 гласови за Силјановска Давкова, а 21 284 за Пендаровски.
Сепак, на ниво на држава победник на овие претседателски избори е Стево Пендаровски кој успеа да ја победи Гордана Силјановска Давкова со над 58 000 гласови.
„Во Битола победуваме. Битола и битолчани силно се определија за право и правда, рекоа не за политиките на оваа власт. Резултатите покажуваат дека граѓаните не даваат поддршка на лажни ветувања, не знаење и не работење. Граѓните потврдија дека се определија за право и правда, а не за криминал и непотизам. Јасно е изразена волјата на граѓаните, определбата за нашата кандидатка за вистински квалитет, компетенции и знење. Но, за жал секогаш кога е СДСМ на власт се случува истото изборен инженеринг, дилови, притисоци, грубо крешење на највисокото прави на глас. Демократијата е непозната за СДСМ“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Иванчо Тошевски на вечерашнава прес –конференција.