АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со прегратка, изведба на јапоснки танц и макесонски ора учениците од најголемото основно училиште во Битола „Климент Охридски“ ѝ се заблагодарија на јапосната амбасадорка во земјава Кеико Ханеда за грантот во износ од 50 000 евра со кој беше реновирана дограмата во школото. Од 1996 до сега преку Јапонската амбасада во земјава реализирани се 66 проекти за подобрување на условите за настава низ училишта во земјава. Досега Јапонија во македонските образовани установи вложила 6 690 667 евра.
„Соработката со Јапонија е во насока на помош на граѓаните да го подобрат квалитетот на животот. Народот на Јапонија, како ваш пријател е среќен кога ги гледа насмевките на учениците во училиштата. Нашите две земји прославуваат 25 годишнина дипломатски односи и планирани се многу настани. Јапонската соработка со Битола има долга историја. Битола е првиот добитник на гранд програмата ‘Џиџипи’ за мали проекти уште во 1998 година кога Болницата од Битола беше добитник на јапонската донаторска програма за медицинска опрема“, рече амбасадорката Кеико Ханеда.
Градоначалничката Наташа Петровска рече дека многу значајна е ваквата поддршка во образованите институции.
„Особено ме радоува и ми значи ваквиот вид на поддршка во образовани институции зашто сите знаеме зашто токму таму е ‘ркулецот на она што значи создавање на квалитет во општеството“.
Директорката на ОУ „Климент Охридски“ Гордана Анастасова додаде дека променета е цела внатрешна дограма во сите училници и наставнички кабинети со што се подобрени условите за реализирање на наставата, а постигната е и голема енергетска заштеда. Во ова училиште настава следат 956 ученици.
Пред повеќе од два месеца Јапонија даде грант од 54.325 евра за реновирање на ОУ„Браќа Миладиновци“ во пелагониското село Добрушево кое подолго време се соочуваше со влага.