АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Имав само девет месеци кога татко ми Димитар Илиевски –Мурато ме стави во обичен ранец и ме однесе на Пелистер, емотивно раскажува Јонче Илиевски, син на Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест (8848м.н.в.), но за жал не успеа да се врати назад. Утре се навршуваат три децении од неговиот храбар подвиг, па по тој повод ќе се организира 30-от традиционален планинарски марш на Пелистер, изложба, а семејството на Муратот денес беше примено во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска.
„Првите чекори на планина ги направив со татко ми, уште од мало бобе, бев девет месеци кога за првпат бев на Пелистер со него. Ме исчачи во обилен ранец. И од тогаш почна мојата поврзаност со планината, па продолжи во животот и со работата, со активностите на планина. Се уште сум на планина благодарение на него“, вели сим му Јонче Илиевски.
(фото Архива, од машот по повод 25 години од искачувањето на Монт Еверест)
Слика од внуците му остави на спомен плочата на Мурато на Хималаите
Тој денес е искусен планинар, а работи на пунктот на Македонската радиодифузија на врвот Пелистер. Во 2011 година ја посети и спомен плочата што по патот до базниот логор за Монт Еверест на Хималаите ја постави Јован Поповски, водичот на експедицијата од 1989 година, чиј член беше и Мурато.
„По негова иницијатива поставена беше спомен плоча на местото Дугла на 3800 метри надморска височина. . Таму има споменици од скоро сите загинати на Монт Еверест, познати личности, шерпаси и други аплинисти. На самиот пат, на многу видно место поставена е спомен плочата за татко ми. Во моментот кога бев таму имаше заинтересираност од многу други експедиции кои се искачуваа нагоре и застануваа се фотографираа крај плочата и така се пренесуваа информации за татко ми и за Македонија“, рече синот на Мурато.
При посетата на плочата, намерно порзал 15 минути да стигне побрзо од од бугарската експедиција со која се искачивал, за да може на само да ги сподели чувствата. Крај споменикот оставил и фотографија од новите челенови на семејството, поточно од внуците од двата сина кои Мурарот немал среќа да ги запознае.
Се размислува за постојана музејска поставка за Мурато
Градоначалничката Наташа Петровска при денешната средба со семејството рече дека се разгледува идејата за постојана музејска поставка посветена на Мурато.
“Спомен плочата кај неговата куќа да се преуреди зашто е точка до која можат да дојдат туристи и да дознаат информации повеќе за тој подвиг. Може да се постави и цела музејска поставка во нашиот Музеј, каде туристите кои доаѓаат во градот, но и нашите сограѓани ќе можат да прочитаат повеќе за неговиот подвиг. Тоа се идеи кои градот може да ги реализира и Мурато тоа го залужува“, рече Петровска.
Во чест на 30 годишнината од освојувањето на врвот Монт Еверест од страна на Мурато, утре и задутре Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ го организира 30 традиционален планинарски марш „Димиатар Илиевски-Мурато“. Овој пат по две маршути, утрешната од Ноже Поле, преку Дебел Рид, ноќевање на Големо Езеро, а селедниот ден маршот продолжува до Партизански Врв. Широко Стапало, врв Пелистер и Димев Врв. Во сабота маршот тргнува од Инфо Центрот се до Димев Врв, а ќе се одржи и реч посветена на Мурато.
Димитар Илиевски-Мурато се искачи на Монт Еверест (8848м.н.в.) на 10 мај 1989 година како член на Македонската хималајска експедиција. Се раскажува дека само чизмата му тежела седум килограми. Се искачил на врвот од непалската страна преку глечерот Кумбу. Неговиот стил на искачување стана прифатен од сите следни експедиции. Успеал да стигне до целта по 15 часовно макотрпно искачување во услови на длабок снег. Заедно со него, на врвот во истиот ден, се искачиле и Словенецот Виктор Грошељ и Хрватот Стипе Божиќ. На врвот се задржал околу еден час. На симнувањето се смета дека останал најверојатно на височина од 8200 метри. Причината за неговата смрт не е разјаснета до денес бидејќи за целото време бил во одлична состојба. Се смета дека застанувајќи за кратко да го почека Стипе, кој бил зад него и имал проблеми со светилката, Диме заспал.
На десет годишнината од смртта на Мурато беше организирана алпинистичка експедиција за симнување на неговото тело од планината. Тогаш се сметаше дека се знае и точната локација каде се наоѓа телото, но заради настанати административни пречки со непалската влада акцијата беше откажана пред самиот почеток.
(Фотографија од маршот „Димитар Илиевски- Мурато“пред пет години)
извор СДК.МК