АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод успешното завршување на спортските натпревари за одбележување на 25. април, Денот на основањето на УКЛО, во Студентскиот дом „Кочо Рацин” во Битола беше организиран студентски ручек. На менито имаше: селско гравче, ориз, пире и салата. Домаќин на студентите беше проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски.
„Ова беше можност сите заедно да се уверат во квалитетот на студенската храна и условите за живот на студентите“, соопштија од Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола.
Дали паркот во Нова Битола ќе се гради на општинско, државно или на приватно земјиште? Вакво прашање до градоначалникот Коњановски упати советникот советникот Петар Николовски од СДСМ, а на истата тема се надоврза и советникот од Левица Горан Велевски „дали има судска постапка во Управен суд Скопје за денационаланизација на парцелите каде ќе се гради паркот во Нова Битола?“
Градоначалникот Тони Коњановски потврди дека дел од поранешните сопственици водат постапка за надомест , кој ќе им биде исплатен и паркот ќе се направи.
„Наместо бетон, битолчани ќе добијат зеленило на површиона од 30 000 метри квадратни. Реши оваа власт и зелените површини да ги зголеми, она што безмилосно е исечено во касарната, ете сега на друга локација локација, ќе имаме парк во Нова Битола. Општинската администрација направи претходно анализа во делот на земјиштето и одговорно тврдам дека паркот ќе биде придобивка за сите дури и за оние кои биле поранешни сопственици на земјиштето кои водат постапка за надоместок пред Министерството за финансии. Точно е, се водат постапки за надоместок и тоа ќе биде исплатено онака како што законот предвидува“, рече Коњановски.
Пред десет дена Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска најавија дека Битола ќе добие нов парк кој покрај хортикултурно и партерно уредување, ќе содржи и спортски и детски реквизити, урбана опрема и соодветно осветлување.
За да се овозможи функционалност и работа на Јавното претпријатие „Жабени“ за привлекување нови инвестиции, Општина Битола планира да го субвенционира со милион денари за сервисирање на затекнатите долгови за електрична енергија, тековни и судски трошоци, рече градоначалникот Тони Коњановски во своето обраќање пред Советот на Општина Битола каде на дневен ред беше ребалансот на буџетот.
„Јавното претпријатие „Жабени“, од страна на претходното раководство е оставено во големи долгови кои десеткратно ја надминуваат затекнатата сума на сметката на претпријатието, а дополнителни оптоварувања за претпријатието се и судски решенија и тужби“, рече Коњановски.
На денешната седница на Совет беше верификуван мандатот на новата советничка Анастасија Трајковска од кандидатската листа „Одлучно за промени“, поточно од ДОМ. Таа е доаѓа на местото на долгогодишниот советник од ЛДП и поранешен претседател на Советот, Валентин Груевски, кој во меѓувреме е назначен за генерален директор на „Македонски шуми“.