2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

АД ЕСМ Подружница РЕК„Битола“ го честита Денот посветен на Св. Кирил и Методиј, сесловенските просветители кои со својата животна посветеност и дела постигнаа неверојатен цивилизациски напредок, не само македонската писменост, туку и за сите словенски народи.  

Денеска (23.05.2022) во периодот од 7 до 11 часот полициски службеници на СВР Битола спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги почитуваат обврските кон пешаците. При контролата, откриени и санкционирани се 8 возачи кои не им дале првенство, односно предност на пешаците, а откриени се и 19 останати прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби, соопштија од Битолската полиција. 

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период. Од СВР Битола апелираат до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците исто така да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Во македноскиот фолклор постојат бројни изреки,анегдоти и фрази, за кои уште при првото читање или слушање ке ја разбереме нивната суштина и значење а за некои пак ке мораме малку да се подзамислиме.

Една од тие изреки е и “на мангал муабет“.

Во секојдневниот говор на битолчани,помеѓу двете светски војни,оваа изрека беше речиси секојдневие. Беше употребувана скоро во секоја пригода или средба со пријатели, роднини и деловни партнери, а додека пак посебно место си имаше во чаршијата.

Подоцна, во период од 1945 г. и наваму, за време на изградбата на новото општество , вклучувајќи ги тука и новите идеи кои одеа со тоа, значењето на оваа изрека во голема мера се наруши со што во целост избледи нејзината суштина и порака а за што сведочи и времето кое денес го живееме.

Да почнеме од почеток. Зборот “мангал“ е од турско потекло. Во превод означува: “тркалезен широк сад ,изработен од бакар,месинг, тенекија или глина,во кој се држи жар за загревање на простории или за подгревање на храна “- Речник на турцизми, архаизми, дијалектизми и ретко употребувани зборови во македонскиот јазик, Толе Белчев, стр.109, издание 2016 г.-Штип. Од ваквото негово значење веднаш се доаѓа до заклучок дека загревањето на прострии како и подгревањето на храна ,во едни далечни- минати години, претставуваше нужна потреба на човекот,посебно во зимскиот период, и токму поради тоа мангалот, во времето кога беше актуелен, стана средство кое животот на луѓето им го правеше полесен.

 Мангалот беше присутен во секој дом, беше присутен и во дуќаните во чаршијата и секогаш си имаше свое место. Меѓутоа, значењето на “мангалот“ сепак е малку пошироко. Собирањето на луѓето околу мангалот секогаш беше проследено и со меѓусебни разговори, некогаш сериозни а некогаш и со разговори во кои беше скриен по некој мајтап-шега. Со текот на времето, посебно во градските средини, ваквото собирање околу мангалот си обезбеди свое место во животот на луѓето како “Собирање на мангал муабет“.

               Седнувањето на “мангал муабет“ значеше:

- водење на опуштен разговор помеѓу оние кои работаат во дуќанот, со пиење на чај или кафе,за време на паузата во текот на работниот ден,

- разговор на газдата со некој негов пријател кој на кратко наминал во дуќанот,

- разговор на газдата-мајсторот со калфите и чираците,околу работата која денес треба да се заврши или пак за работа за која има нарачка од некој муштерија,

- потаен разговор на газдата со муштеријата околу работата која што овој му ја нарачува,

- давање пари на заем или нивно враќање; договарање за давање на роба или вршење на работа со плаќање на почек,

- собирање на дуќанџиите, во определен неработен ден во неделата,на кое се расправаа прашања и проблеми поврзани со работењето,

- потајно бистрење на политика,

- договарање на брак за некого, преку стројници-посредници,

- оговарање, правење мајтапи-вицеви на своја и туѓа сметка,

  - со муабетот често пати се пиеше, се мезеше ,посебо во претпразничните и послепразничните денови итн.

   Сето ова го покажува значењето на овој муабет во животот на луѓето, кој на одреден начин ја определуваше дури и нивната економска и социјална положба во средината во која живееја.

  Муабетот околу мангалот стана услов без кој настојувањето да се биде успешен во чаршијата не можеше да се замисли.

  Пред околу триесет и некоја година, на Македонската радио и телевизија следев една емисија-репортажа за некој Холанѓанец, кој проучувал дел од македонскиот фолклор, кој во еден момент вели: „Со нетрпение чекам да дојдам во Македонија за да седнам со луѓето на еден ‘мангал муабет’“. Ова несомнено претставува уште една потврда за значењето на собирањето околу мангалот и дека таквото собирање уште одамна си најде свое место во македонскиот фолклор.

Периодот кој следуваше после 1945 г. беше време кога создавањето на новата држава не познаваше компромис со “старото“. Исто како и другите сфери на живеење, така и чаршијата се најде на патот на тој процес од кој никогаш не заздрави-имиџот на водилка во животот на луѓето за секогаш го загуби. Тоа време –невреме чаршиските мајтапчии го опишаа на мошне сликовит начин: „трајте, кај будалиот ум не никнува“.

 Под напливот на новите идеи навиките и сваќањата на луѓето нагло се менуваа, негувањето на традицијата се сметаше за нешто назадно ,животот на луѓето мораше да продолжи и да се трасира според политичките декрети на државата,пропратени со пароли испишани по ѕидовите на куќите,поткрепени со неконтролираните извици на “јавните викачи“ по чаршиските и градските сокаци. Во спротивно следуваше квалификација “ непријател на народот“.

 Создавањето на една ваква атмосфера во чаршијата доведе до тоа собирањето на луѓето на муабет ,околу мангалот, да стана опасна работа, а уште повеке што таквото собирање секојдневно беше предмет на јавна осуда, негирање и оспорување, убавината и смислата на ова собирање се сведе на ниво на вулгаризам и потсмев. Како резултат на тоа, под “мангал муабет“ веќе почна да се подразбира несериозен и глупав разговор, разговор кој нема никаква врска-без суштина и цел, разговор воден помеѓу непоштени лица-лажговци,компромитирани лица во средината итн. Овој муабет често пати неоправдано се поистоветуваше и со еден друг муабет-“чамче муабет“,кој навистина имаше значење на крајно несериозен разговор а со цел само да се помине(“отепа“) времето .

 Денес, на изреката “на мангал муабет“ повеќе никој не обрнува внимание, како да исчезна од секојдневното живеење на битолчани. Во својата оргинална форма и значење муабетот околу мангалот замина во историјата,стана дел од фолклорот на кој само некој случаен “минувач“ може да се залепи и со тоа приказната за муабетот да тргне од почеток.  Во животот на луѓето има работи кои се вековити,една од нив е и дружењето. Новото време со себе донесе нови правила на живеење и однесување,си има своја смисла и ритам а додека пак на минатото се навраќаме по потреба. Меѓутоа, битолската калдрма и коцките по сокаците останаа, исто така остана и полноќниот звук на градскиот часовник,останаа серенадите испеани под балконите, останаа уште многу нешта на кои секој ден се потсетуваме, и токму тука некаде, помеѓу нив, преживеа и собирањето на битолчани.

         Еве, денес се гледаме на “кафе муабет на Широк сокак“.

                                  

   Автор: Петар Георгиев-Калица

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани