2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолската градоначалничка Наташа Петровска запрашана од новинарите зошто во јавноста не кажала повеќе детаљи за случајот Рекет, чие размотување почнало токму од Битола, а за неа донесло нагорен почитички рејтинг, рече дека никогаш не ги гледала работите дали ќе ѝ донесат политички рејтинг, туку за неа е важно само да се вложи во работењето.

Битола да се кандидира за град на УНЕСКО, предложи Душан Стругар, етнолог конзерватор од Словенија, воедно и претседател на Организацискиот одбор на осмиот симпозиум на етнолози конзерватори од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија што се одржува во Битола.

 „Битола е фантастичен град и сите сме зачудени и изненадени што сѐ уште нема екипа и дека уште не подготвувате стручна подлога за кандидатира во УНЕСКО. Што поскоро ја молам политиката и експертите да се здружат. Имате многу квалитет и локалитети. Сите можеме да помогнеме и Словенија и Хрватска, направете ја подлогата и кандидирајте се“, порача Стругар.

Денес во посета на гимназијата „Јосип Броз-Тито“ Битола, беше амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј. Повод за посетата беше електронскиот гимазиски весник „Е-ОКО“, кој излегува од 18 декември 2013 година, па сè до денес. Учениците ѝ презентираа за работата на весникот и бројните активности кои се изведени во текот на училишната година, а ја претстаавуваат гимназијата. Беше истакната и соработката со „Медиум“, како главен причинител за нашата средба. На крајот директораката на гимазијата Фанинја Наумовска, помошник директорот Мите Ристов и проф. Соња Живковиќ Ѓорѓиевска изразија благодарност за посетата и надеж за повторна средба.

  За Апла.мк известуваат Кирил Блажевски, Емилија Мицевска IV-1

vantre 2

vantre

Новиот грчки конзул Ахилеас Ракинас, чие доаѓање на оваа позиција се совпадна со одржувањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, при денешната посета на градоначалничката Наташа Петровска даде предлози за културна соработка меѓу Битола и Јанина, градот каде браќата имале фотографско дуќан.

Општина Битола го објави повикот за надоместување на дел од трошоците на граѓаните кои ќе купат клима уредни инвертери за 2019 година. Целта е стимулирање на граѓаните да користат обновливи извори на енергеија за затоплување на своите домови кои минимално ги загадуваат почвата и воздухот и не влијаат врз климатските промени.

РЕК Битола е апсолутен победник на Спортските работнички синдикални игри на ЕСМ што се одржаа во Автокампот Ливадиште.

Дури 32 деца кои работат на улици, односно просат се евидентирани преку проектот Психо-социјални и здравствени интервенции за деца од разнливи популации што се финансира преку ИПА фондовите за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани