2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Не ме засега рејтингот, единствено гледам што повеќе работно да се вложам, рече Петровска

Октомври 04, 2019

Битолската градоначалничка Наташа Петровска запрашана од новинарите зошто во јавноста не кажала повеќе детаљи за случајот Рекет, чие размотување почнало токму од Битола, а за неа донесло нагорен почитички рејтинг, рече дека никогаш не ги гледала работите дали ќе ѝ донесат политички рејтинг, туку за неа е важно само да се вложи во работењето.

 

„Никогаш не сум ја разгледувала работата од таков апсект кога и како сум добива нагорно или надолно политичко движење во рејтингот. Не ме засегаат тие работи зашто едноставно гледам да го поминвам денот во она што можам да го вложам како работен ден. Она што имав да го кажам , го кажав во соодветните инстанци и повеќе не можам да откријам во јавноста поради процесот што се одвива. Факт е дека во Општина Битола она што го имавме како наша перцепција и видување во поглед на она што беше од другата страна понудено за постигнување на некои социјални услуги, едноставно не се најдовме заеднички во таа приказна“, рече Петровска.

Запрашана дали се соочила со притисоци одговори дека не е личност која дозволува да има притисоци, а притисокот е прашање на перцепција.

Премиерот Зоран Заев пред три месеци во Собранието јавно беше запрашан дали знае која градоначалничка била рекетирана за да даде бесплатна локација за градба и неплаќање комуналии во износ од 1 милион евра на здружението на Боки 13, рече дека за случајот се води истрага и дека е информиран за нивниот обид за изнуда кај градоначалничката на општина Битола, но таа ги одбила.

„Се работи за случај од пред една година. Се барало локација за старски дом, се барало урбанизација на локација, но надлежноста е на Советот, а Битола нема намера да прави измена на Генералниот план“, рече тогаш Заев.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани