АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На територијата каде интервенира Битолската противпожарна единица годинава се евидентирани 312 пожари што е рекорд. Пожарникарите велат дека само во март на територијата на Битола имало во еден ден осум пожари. Изминатите денови, иако темературите беа многу високи, немаше голем број на пожари. Но, сепак со интерневции од претходните месеци се достигнува рекорден број газнења незапаметен во последните години.
Во еден ден пламнаа три пожари на територијата на општина Новаци за кои нема точни податоци од што се предизвикани, но постојат сомнежи дека биле потпалени.
Со полагање цвеќе пред споменикот на Илинден во храмот на црквата Св. Недела во Битола, започна чествувањето на големиот македонски празник Илинден. Претставници од Советот на Општина Битола положија цвеќе во име на градоначалникот Наташа Петровска, која денес присуствуваше на свечената церемонија во Крушево. Цвеќе положија и претставници од Советот на Општина Битола и политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Кај споменикот на двата илиндена пред Центарот за култура, во чест на големиот и светол празник Илинден, делегација од Советот, предводена од советничката Виолета Дракалска, положи свежо цвеќе. Во чест на празникот и жртвите кои ги положија животите за денешната слободна Македонија, со свежо цвеќе почест им оддадоа и делегациите од Советот на Општина Битола, Општинската организација на Сојузот на борци Битола, како и политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Скулптура на коњ поставена е во мариовското село Градешница, а посветена на сите жртви од Првата светска војна. Споменикот е донација на уметникот и склулптор Златко Бојковски кој живее во Скопје, но роден е во Градешница. Скулптурата е изработена за да се одбележат 100 годишнината од завршувањето на Првата светска војна. Бојковски ја изработувал три години од шрапнели од бомби кои ги собирал на Кајмакчалан и Добро Поле на местата каде се водел Солунскиот фронт. Откако го завршил делото, побарал да се постави во неговото родно село. Споменикот беше откриен денес во присуство на градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски.
Јавното претпријатие „Стрежево“ на своите вработени, граѓаните на Битола и на цела држава им го честита Денот на Републиката, 2 -ри Август кога било дигнато Илинденското востание во 1903 година и се одржало Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Илинден е еден од најголемите македонски празници во кој е испреплетен кодот на македонската самобитност, истрајност и вековитост.
Ова била последната голема битка во битолско за Илинденскиот период каде херојски борајќи се гради в гради со аскерот загинале 48 комити.
Илинден за мнозина е само бројка и неработен ден, за една друга мнозина Илинден е избликот на „македонштината“, за трети Илинден се спомениците и говорите на политичарите, знамињата, национал шовинистичките препукувања. Жалам, но, тоа не е Илинден! Тоа е современа перфидна перверзија, создадена од површински пристап, незнаење и помодарство.
Денот кога Битолскиот вилает се крена на востание 1903 година всушност беше востание на два фронта. Првиот фронт и основен беше како што кажува Делчев: „Робот во душата да престане да биде роб“, поле на кое што Внатрешната организација веќе една деценија работеше. Посветуваше внимание на просветата, начинот на производство, секојдневното живеење со цел да ги извади од феудалните, теократски рамки на Османлиската држава.
Вториот фронт беше борбата со Османлиската држава, држава која сеуште се протегаше на три континенти со армија од скоро два милиони и кусур војници, држава која само во Битолскиот гарнизон имаше повеќе војници отколку Организацијата востаници. Востанието немаше умисла дека ќе ја победи туку „да се одржиме доволно долго, да не дозволиме да не порази“ се вели во една од директивите, со цел да се предизвика вмешување на големите сили и исполнување на членот 23 од Берлинскиот договор, кој како што вели Татарчев „беше премногу комплексен за населението па се одлучивме за максимата Автономија на Македонија.“
Востанието изби во средина каде немаше никакви предуслови за развиено економско производство, немаше основна инфраструктура, меѓу население без никакви познавања за идеите за слобода, политика, човекови права. Умот на тогашниот човек не сечеше подалеку од феудалната држава, каде најголемата слобода беше црквата и задгробниот живот, а најцрното ропство даноците, тепањето, апсењата, население кое не можеше да ја разбере тогашната држава, а камоли да обмислува идна. Бидна востанието се разви и задуши, посакуваниот ефект не се постигна. Тука приказната не се заврши.
Во пост илинденскиот период уште повеќе се развиваат идеите и мерките на организацијата за подобрување на општествено економските услови преку просвета и агитација. Во тој момент Организацијата веќе длабоко размислуваше или барем покажа такви индиции, како сака да се справи со првиот и по мене најтежок фронт, револуција во умот на населението. Илинден е избликот на државотворната идеја, нејзина прва проба ако сакате, но и кулминација на пробивот на современи политички и слободарски идеи меѓу населението. Националниот елемент како и при секое останато востание, буна, револуција е второстепен, основниот движечки мотив е економската и социјална слобода, кое ќе доведе до изградување на држава и државни институции, кои пак ќе го кодифицираат „Канонот на народот“ кој сега бидејќи има патрон и држава ќе се нарекува нација.
Како ние го обезличивме празникот? Го обезличивме со тоа што славиме едно движење за промена, една борба за права, слободи и прогрес, во услови кога во нашата земја безмалку се соочуваме со истиот менталитет, истите општествено економски проблеми како пред 116 години. Го обезличивме и со тоа што се колневме во имињата на првоборците, а тоа беа само празни зборови, основа за гласови кои се збираат на линијата патриот предавник. А што е патриот? Патриотизмот не е во знамињата, зборовите, симболите, патриотизмот е во работата, трудот, унапредувањето на земјата и животот. Ќе завршам со една од Делчев: „Ќе бидете глупави ако ни верувате на зборовите а не ни ги гледате делата“.
Додека не направиме и не видиме дела кои ќе не унапредат, ние не сме европска земја, ние не сме тСеверна Македонија, не сме ниту Македонија, ние сме „трите вилети“ управувани од султани кои сами ги избираме за да не бијат со камшикот платен со наши пари, да го тегнеме ропството кое сами си го нагрбуваме мислејќи дека сме слободни.
Слава на хероите!
Слобода или Смрт!
Подобро ужасен крај, одколку ужас без крај!
Автор: Васко Гичевски, студент по историја
Општина Битола и „Еурофарм Работник“ се усогласија околу главните теми за фузија на двата ракометни битолски клуба во еден. Како што денес изјави Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола, за „Еурофарм Работник“ прифатливи се заклучоците што беа донесени пред два дена на општинскиот Советот. За нив прифатливо е сопствеништвото во двата клуба да биде 75 проценти на „Еурофарм Работник“, а 25 проценти на Општината. Понатаму, приватниот субјект годишно да вложува 45 милиони денари, а Општината 15 милиони денари. Оваа сезона да се игра со сино-бели дресови, а в година да екипите да имаат и сино-бели и зелено-бели дресови. За понатамошно договарање останаа само одредени режиски трошоци околу Спортската сала.
Одблокирани се сметките на 13 основни и средни училишта во Битола преку средствата што беа обезбедени од државниот буџет, соопшти претседателот на Советот Валнетин Груевски на седницата на Совет каде се носеше кварталниот извештај за извршување на буџетот за 2019 година.