АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Одблокирани се сметките на 13 основни и средни училишта во Битола преку средствата што беа обезбедени од државниот буџет, соопшти претседателот на Советот Валнетин Груевски на седницата на Совет каде се носеше кварталниот извештај за извршување на буџетот за 2019 година.
,,Се работи за одлични бројки во кои остварувањето на приходите е околу 53 проценти што е одлична бројка, оствраувањето на расходите околу 32 проценти, односно Општиан Битола нема доспеани, а неисплатени обврски. Се она што ќе доспее во следниот период ќе има средства за да се плати. Она што беше рак рана на Битола беа блокираните сметки на училиштата, од 14 блокирани училишта уште само едно е блокирано, тоа е ,,Крсте Петков Мисирков" во Бистрица. Неговото одлокирање е во тек носиме неколку одлуки за тоа да ги зголемуваме средствата и веројатно и тоа ќе се одблокира", рече Валентин Груевски претседател на Советот.
Од ВМРО-ДПМНЕ критикуваа дека лага е тоа што власта прикажува дека проходите биле 53 проценти зашто тоа бил префрлен вишок од претходната година над 100 милиони денари и средствата кои беа добиени од централната власт.
„Капиталните приходи се најниски, од планираните 373 милиони денари реализирани се во првото полугодие мизерни 6,8 проценти. Приходите од продажба на земјиште кои се реален показател за економската клима од планирани 20 милиони денари само 4 милиони денари. За реконструкција на локални патишта и улици реализирани за половина година само 7,5 проценти. Гасификација нула проценти“, рече Ивачно Тошевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.
Запрашан што мисли за тоа дека се одблокирани училиштата кои во нивно време беа блокирани, рече дека е постигната финансиска стабилност, но коренот на проблемот лежи во методологијата со која се одредуваат блок дотациите што стигнуваат до Општината за училиштата. Но, не видел дека власта бара измена на таа методологија.