АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски за време на седницата на Влада во Охрид побара да се задолжи Министерството за животна средина да формира работна група која ќе направи увид и ќе преземи мерки поради аларматното повлекување на Преспанското Езеро.
„На седницата на Влада, имав прилика да соопштам за тековните активности на Општина Ресен и меѓу другото да предложам предлог-заклучок со кој ке се задолжи Министерството за животна средина да формира работна група од надлежните институции ,која ке направи увид и ке предложи мерки и активности поради алармантното повлекување на Преспанското Езеро . Заклучокот е усвоен“, соопшти Гошаревски.
Старото улично осветлување во битолската населба Карпош се заменува со нови ЛЕД штедливи светилки. Светилките не само што ќе го подобрат квалитетот на осветлувањето, туку и ќе донесат и заштеда. Дел од градот веќе е опфатен со ЛЕД осветлувањето, а градоначалничката Наташа Петровска најави дека ќе бидат поставени во секое уличе.
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, вечерва се обрати на свечената академија по повод 75-годишнината од наставата на македонски јазик во битолската гимназија „Јосип Броз -Тито“.
Настанот силна порака за негување на македонскиот јазик
Пред присутните во Народниот театар во Битола, премиерот Спасовски истакна дека овој настан и оваа свеченост по тој повод, е силна порака за негување, заштита и унапредување, афирмација и поддршка на употребата на нашиот македонски јазик.
„Седумдесет и пет годишнината од наставата на македонски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола е само еден од бисерите од низата од која е составена богатата историја, традиција и вредности на нашиот македонски јазик. Секој од тие бисери има свое длабоко и суштинско значење, па така и гимназијата ‘Јосип Броз Тито’ со овој свој јубилеј“, подвлече премиерот Спасовски
Жители од дивата ромска населба денес повторно поставија смет на обиколницата и го запалија, изразувајќи револт што се оставени без струја. Откако изгоре трафостаницата во населбата Баир поради преоптовареност на мрежата, дел од жителите се жалат дека среде зима се оставени без електрична енергија. Со нивниот начин на протестирање се блокира битолската обиколница, а се оштетува и асфалтот од овој патен правец кој минатата година беше преасфалтуран. Минувачите кои денес не можеа да поминат низ обиколницата коментираа дека со избраниот начин на протест не вршат притисок онаму каде што треба за да добијат струја туку врз граѓаните, случајните минувачи и врз Општината кои не можат да им обезбедат струја.
275 години ќе ви требаа да бидите на власт за да ги вложите парите што ние ги даваме за животна средина, им рече претседателот на Советот Валентин Груевски на советниците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ кои денес ја критикуваа мерката за субвенционирање на клима инвертери во Битола. На денешната седница беа донесени измени и дополнувања на Програмата за живота средина за 2020 година, со тоа што буџетот се зголемува со 160 милиони денари или 2,5 милиони евра наменети за замена на печките на дрва со инвертер клими.
Во Горната Гимназија го стекнав моето јас, кое до денес не го сменив! Ова е еден од морето позитивни коментари што можат да се прочитаат на социјалните мрежи од страна на некогашните ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ која денес слави редок јубилеј – 75 години од почетокот на наставата на македонски јазик. Била првото средно училиште во земјава каде се удриле темелите на наставата на македонски јазик на 6 февруари 1945 година. До денес остана бастион на квалитетната наства, но и на неговањето на македонскиот литературен јазик.