2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Колку битолчани беа побогати во минатото покажува петминутната снимка направена за време на социјализмот во Битола, а објавена од Алберт Сулеј на јутјуб. На снимката се гледаат полни улици луѓе, Широк Сокак, чаршијата и пазарот со врвулица од минувачи, продавачи, купувачи, граѓани со торби во рацете. Минуваат и запрежни коли кои разнесуваат млеко. Дотерани луѓе, град во подем, паркови и тротоари полни зеленило. Среден Офицерски дом, Безистен, чисти улици, повеќе велосипеди од возила. Период на кој дел битолчани денес се сеќаваат со носталгија. Не попусто се пееше „Битола, бабам Битола, таму се живот живее, таму се јаде и пие...“

 

Светиот крст во водите на реката Шемница во битолското село Црно Буки го фати 26-годишниот Роберт Тасевски, нашинец од Шведска. Момчето по татко води потекло од Црно Буки, а со семејството живее во Шведска. Тасевски не пропушта поголем празник , а да не го посети Црно Буки. Така и годинава за Водици беше таму и беше меѓу групата од петанесетина жители на селото кои скокаа по крстот. Од Црно Буки велат дека неговото семејство е почитувано меѓу месното население, а дека Роберт е верен навивач на фудбалскиот клуб „Црно Буки“ и го помага.кк

ккк

Ж.З.

СВР Битола, Отсекот за превенција за време на празникот Водици на три локации во Битола во верските објекти Св. Недела, Св. Димитрија и Св Богородица дела флаери со совети за превенција во сообраќај, заштита од кражби и поротехнички средства. Оваа превентивна активност беше спроведена во рамки на прокетот „Полицијата и граѓаните заедно“, а во соработка со РСБСП и Општинската организација на Црвениот крст, како и учениците од „Таки Даскало“.матер2

матер3

матер4

матер5

матер7

Младата Кристина Николовска беше единствената девојка меѓу скокачите по крстот во Битола. Со години ова беше само машка традиција, а Кристина покажа дека и девојките можат да учествуваат рамноправно во церемонијата. Таа беше единствената девојка меѓу триесетемина машки кои скокнаа во базенот.

 

 

11 годишниот Марко Манговски беше најмладиот меѓу скокачите по светиот крст во базенот на црквата Св. Димитрија во Битола. 

„Имам единаесет години, првпат скокам и чувството е преубаво. Инаку учам во Основното училиште Даме Груев “, рече Марко. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани