2win800x200

Народниот театар од Битола со многу поголема посетеност од онаа што ја прикажа Државниот завод за статистика

Јануари 20, 2020

Направена е грешка во податоците од Заводот за статистика за посетеноста на претставите на Народниот театар од Битола, велат од Театарот. Според податоците со кои располага оваа театарска куќа, во периодот од септември 2018 година до јуни 2019 година имала 19.625 публика. Тоа е за 10 000 повеќе од податокот од 9614 гледачи што го објави ДЗС за двата професионални театари во Битола, не посочувајќи кои се тие.

„Од септември 2018 до јуни 2019 година сме одиграле 160 протестави посетени од 19 625 публика. Ова се релевантни податоци со кои располага и Министерството за култура. Ова се податоци за наши претстави, без гостувања од други театари. Ако тие се додадат зашто и за нив Битолскиот театар обезбедува публика, бројката ќе биде уште поголема. За нас сезоната никогаш не завршува со јуни туку интензивно работиме до крајот на јули , а со гостувања и до 10 август“, велат за Апла.мк од Народниот театар од Битола.

Според податоците од Заводот, објавени за сезоната септември 2018-јуни 2019 година, се бележи голем пад на посетеноста на двата професионални  театри од Битола, каде претставите ги погледнале 9614 посетители, што е за над 60 проценти помалку од претходната сезона. Во соопштението на Заводот за статистика не се точно наведени имињата на двата професионални театари за кои се однесува посетеноста од 9614 посетители , со изведени  127 протестави, а во кои е наведено дека има 96 вработени. Претходната сезона, пак, претставите ги погледнала 25 000 публика. Со ваквиот пад театрите од Битола се не само зад скопските, туку и зад велешкиот, кумановскиот, прилепскиот , струмичкиот и штипскиот театар. Зад двата битолски театари се само охридскиот со 5270 посетители и театарот во Тетово со 3480 посетители.

Редакција Апла

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани