АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Греењето на дрва во Основното училиште ,,Кирил и Методиј" комплетно ќе се замени со современ систем на затоплување кој нема да ја загадува животната средина, најави градоначалничката Наташа Петровска.
,,За ова основно училиште веќе е потпишан договорот за целосна промена на начинот на греење. Па, греењето на дрва ќе биде минато уште во оваа грејна сезона. Се очекува избраната фирма да го инсталира системот до 19 декември, да биде поставено. Системот на инвертери ќе работи на струја, а дрвата целосно ќе бидат отфрлени како начин за греење", рече Петровска.
Таа најави дека се обидуваат да издејствиваат ист начин на греење и за ОУ„Стив Наумов“.
Во рамките на кампањата „Гласно против гласини“ – Секоја една е вредна, денес во Основното училиште Ѓорѓи Сугарев се одржа работилница преку која на учениците од ова училиште им беше пренесена пораката „Слушајте го својот глас“. Кампањата која пред се има за цел да даде нови насоки во борбата против гласините кои што ги дискриминираат жените, е поддржана од Мисијата на ОБСЕ и Општина Битола, а координатор на активностите е Фатма Бајрам Аземовска. Во соработка со училиштето во следниот период предвидена е организација на повеќе вакви настани, кои имаат за цел да ги насочат учениците на правилно размислување, делување без присуство на дискриминација и најважно реализација на сопствените желби за напредок, без стереотипи и предрасуди.
На денешната работилница, Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска преку интерактивна комуникација со учениците разговараше и за својот пример и достигнувања, токму во оние области за кои сеуште се мисли дека во најголема мера припаѓаат на светот на мажите. Нејзиниот пример на жена градоначалник е уште една потврда дека секој ученик, независно од социјалниот статус, родовата или националната припадност, еден ден може да биде успешен бизнисмен, лекар, политичар, спортист. Учениците потврдија дека ваквите активности се вистински поттик за нивната понатамошна професионална ориентација.
Денешниот настан е дел и од активностите за реализација на акцискиот план на Општина Битола за подобрување на положбата на жената ромка, поддржан од министерот без ресор Музафер Бајрам.
Добитникот на престижната европска награда LUX prize awards за оваа година е македонскиот филм “Господ постои, името и е Петрунија” на режисерката Теона Стругар Митевска. Од 6 до 8 ноември годинава Европа живееше во знакот на LUX films days, а Киното во Центар за култура Битола беше единственото кино во нашата држава кое се вклучи во симултаните филмски проекции кои се случуваа во 25 избрани кина од 20 европски земји.
Овој проект е познат ширум Европа по пан-европски симултани проекции на филмовите кои се во трка за наградата LUX FILM PRIZE за најдобар европски филм, во различни градови и држави, во идентичен тајминг. Киното при НУ Центар за култура Битола беше селектирано, заедно со 25 други кина од над илјада европски кина.
„На 6 ноември во 20 часот имавме бесплатна кино проекција на која беше прикажан нашиот македонски филм-тогаш кандидат за наградата, а по проекцијата во живо од Лондон на големото платно во Центарот за култура ја следевме сесијата со прашања и одговори организирана во рамките на овој значаен настан посветен на оваа престижна филмска манифестација во Европа. На проекцијата имавме полна сала до последното место, како поддршка за нашиот филм“, велат од Центарот за култура.
Ова е уште еден доказ дека 3Д киното во Битола е културен арбитер во нашата држава.
Инаку, наградата LUX од 2007 година ја доделува Европскиот парламент за достигнувања во кинематографијата. Наградата го насочува вниманието кон јавната дебата во Европската Унија и нејзините политики, и дава потпора за ширење на европските копродукции. Деновите на LUX филмовите се организираат во текот на есента во повеќе од 40 градови во Европската Унија и се видлив израз на ангажманите на Европскиот парламент во подрачјето на филмот и културата. Филмовите кои се во финалниот избор се прикажуваат во 28 држави на ЕУ.
Ж.З.
Наташа Илиева, професор по англиски јазик е поставена за нов директор на Медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола. Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Билјана Кокалевска, која на чело на училиштето беше во изминатите две години.
САЕМ НА КАРИЕРА 4
Сакате работа или обезбедено место за стручна пракса?
Потребни Ви се техники да направите CV или мотивациско писмо или да се подготвите за солиден настап за интервју за работа?
Или пак имате идеја за бизнис, а потребни Ви се дополнителни информации или успешни луѓе кои ќе Ве мотивираат и инспирираат?
Дали сте брзорастечка компанија која сака на полесен начин да се брендира како посакуван работодавец и да најдете нов член на тимот помеѓу учесниците на само еден настан?
Тогаш на 27 ноември (среда) во Фоајето на Центар за култура Битола во 13.00 ч. учествувајте на САЕМ НА КАРИЕРА 4 во организација на Младински културен центар-Битола и Инфо клуб Битола, кои работат на полето на намалување на младинската невработеност, но уште повеќе на намалувањето на младинската миграција од Битола.
Програмата вклучува:
-Штандовска презентација на компании кои нудат повеќе од 90 слободни работни места
- Интерактивен едукативен корнер: Tips & Tricks за CV, мотивациско писмо и интервју за работа
- Интерактивен инспиративен корнер за намалување на младинската миграција @sakamdaostanam
- Мотивациски говори
- Теодора Николовска – Основачка на маркетинг и консултантската компанија Вруток која работи на 4 континенти со реализирани повеќе од 60 проекти во последните 2 години.
Тема: When the going gets tough, the tough gets going
- Ајлин Шеали, Оперативна Менаџерка, во Пазар3
Тема: Патот до успехот - Желба за работа, посветеност и упорност
- Весна Атанасова – сопственичка на Хелен Дорон центарот во Битола, сопственичка на Образовен центар Атанасова за деца од прво до деветто одделение и Раководителка на филијала за Битола и Прилеп во Хоризонти каде во главно работи на поддршка и поддтикнување на жени микропретприемачи, припадници на социјално исклучени и маргинализирани групи, а со цел поддршка и развој на малите бизниси, креирање нови работни места и подобрување на квалитетот на живеење.
Тема: Верувај во себе
- Димитар Митревски – еден од основачите на on line платформата Бинтерн. Платформа која ќе ги поврзи студентите со компаниите.
Тема: Како од студент до претприемач?
Настанот е бесплатен!
За повеќе информации: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Екс министерот за животна средина Зоран Шапуриќ рече дека скулптурата мечка поставена на Пелистер, како заштитен знак на планината, во негово време додека го водел ресорот, била певтино направена за осум пати отколку бикот во Скопје поставен две- три години подоцна.
„Во 2004 година изградивме видиковци, патеки, ја реконструиравме зградата на Информативниот центар на Пелистер и ја поставивме скулптурата, симбол на Националниот парк, кафеавата мечака во природна димензија. Таа кафеава мечка, скулптура од истиот автор, од истата леарница во соседна земја, од ист материјал чинеше околу 11 000 евра. Две-три години подоцна оној чуениот бик во Скопје од истот автор, приоближна големина, иста леарница, исти контролори чинеше 80 000 евра, е и во тоа е разликата меѓу нас и нив“, рече Шапуриќ.
Тој беше миниситер за животна средина како кадар на ЛДП, а на денешната трибина во Битола потсети дека уште во негово време преку швајцарски прокет се започна со изградба на колекторски систем на Пелистер. Но, потоа се промени власта, директорите во Националниот парк и проектот беше стопиран. Сега по деценија и половина пак се спроведува колекторски систем од страна на Општина Битола.
Ж.З.
Некои луѓе се изненадени како некои други се однесуваат или ја толкуваат одредена ситуација. И тие вторите се чудат како првите гледаат на тоа. Се прашувате зошто е тоа така и од каде доаѓа?
Клучот за разбирањето на перцепцијата се состои во прифаќањето на тоа дeка луѓето го разбираат светот не онаков каков што е, туку онаков како што тие го гледаат. Исто така манифестираат однесување засновано на нивното толкување за она што се случува. Значи тие се водат од својата реалност и нејзиното толкување на истата. Дали за чашата со вода ќе речете дека е полу-празна или полу-полна зависи од вашата интерпретација, не од чашата.
Начинот на кој го толкувате однесувањето на луѓето околу Вас, зависи само од Вас. Во основа треба да се проникне во тоа дека секој го гледа светот низ своја призма. Една иста реченици кај еден ќе предизвика една реакција кај друг друга, кај некој еден заклучок кај друг сосема спротивен од овај првиот. Ве повикувам да се тестирате самите себе неколку денови и кога ќе имате различно однесување, ставови и мислење од другата страна само да се прашате себеси од каде ова ми потекнува. Важно е да разберете дека вашето однесување секогаш произлегува од Вас, а не од она што се случува надвор.
Во Неуролингвистичкото програмирање постои еден аксиом кој вели ,,Мапа не е територија,,. Ако го прифатите како вистина која не бара да биде докажана и го инкорпорирате во секојдневниот живот ќе научите дека она што е во вашиот ум е интерпертацијата на реалноста која е надвор од Вас и е наречена ,,територија,,. Вашата мапа не е иста со мапата на некој друг. За што ова може да ви користи? Единствено да ги разберете другите луѓе, па и себеси, а со тоа да го подигнете нивото на комуникација. Ако знаете од каде доаѓа нешто, ќе знаете дека нема потреба да докажувате дека сте во право. Секој живее во свој индивидуален свет и секој е во право. Тоа ни дава слобода да разбереме, а кога разбираме имаме мир. (Бидејќи грешките во перцепцијата можат да имаат значајно влијание на однесувањето на луѓето и последиците од тоа, ќе посветиме внимание во некоја друга прилика). За сега спознанието дека реалноста е само наша перцепија е доволно. На крај еве една позната анегдота која ја покажува моќта и влијанието на интепретативните шеми на мислење и однесување на луѓето.
“Две конкурентски компании за чевли во исто време праќаат по еден комерцијалист да го истражи големиот пазар во Африка и да ги процени можностите за продажба. По некое време едниот од комерцијалистите се јавува со свој извештај во кој го напишал сопствениот заклучок: овде нема можност за продажба на чевли затоа што сите одат боси. Другиот комерцијалист приближно во исто време на своите претпоставени им рекол: овде имаме сјајна можност за продажба на чевли затоа што сите одат боси.” Иста ситуација толкувана на два различни начини само покажува дека влезните информации се обработуваат со помош на сосема различни интерпретативни шеми.
Пишува: м-р Билјана Галовска, НЛП тренер и коуч, Предавач на Бизнис Академија Смилевски, инфо:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
ЗА СОЛУНА, ЗА СТАМБОЛА, БИТОЛА НЕ ДАВАМ...