АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Некои луѓе се изненадени како некои други се однесуваат или ја толкуваат одредена ситуација. И тие вторите се чудат како првите гледаат на тоа. Се прашувате зошто е тоа така и од каде доаѓа?
Клучот за разбирањето на перцепцијата се состои во прифаќањето на тоа дeка луѓето го разбираат светот не онаков каков што е, туку онаков како што тие го гледаат. Исто така манифестираат однесување засновано на нивното толкување за она што се случува. Значи тие се водат од својата реалност и нејзиното толкување на истата. Дали за чашата со вода ќе речете дека е полу-празна или полу-полна зависи од вашата интерпретација, не од чашата.
Начинот на кој го толкувате однесувањето на луѓето околу Вас, зависи само од Вас. Во основа треба да се проникне во тоа дека секој го гледа светот низ своја призма. Една иста реченици кај еден ќе предизвика една реакција кај друг друга, кај некој еден заклучок кај друг сосема спротивен од овај првиот. Ве повикувам да се тестирате самите себе неколку денови и кога ќе имате различно однесување, ставови и мислење од другата страна само да се прашате себеси од каде ова ми потекнува. Важно е да разберете дека вашето однесување секогаш произлегува од Вас, а не од она што се случува надвор.
Во Неуролингвистичкото програмирање постои еден аксиом кој вели ,,Мапа не е територија,,. Ако го прифатите како вистина која не бара да биде докажана и го инкорпорирате во секојдневниот живот ќе научите дека она што е во вашиот ум е интерпертацијата на реалноста која е надвор од Вас и е наречена ,,територија,,. Вашата мапа не е иста со мапата на некој друг. За што ова може да ви користи? Единствено да ги разберете другите луѓе, па и себеси, а со тоа да го подигнете нивото на комуникација. Ако знаете од каде доаѓа нешто, ќе знаете дека нема потреба да докажувате дека сте во право. Секој живее во свој индивидуален свет и секој е во право. Тоа ни дава слобода да разбереме, а кога разбираме имаме мир. (Бидејќи грешките во перцепцијата можат да имаат значајно влијание на однесувањето на луѓето и последиците од тоа, ќе посветиме внимание во некоја друга прилика). За сега спознанието дека реалноста е само наша перцепија е доволно. На крај еве една позната анегдота која ја покажува моќта и влијанието на интепретативните шеми на мислење и однесување на луѓето.
“Две конкурентски компании за чевли во исто време праќаат по еден комерцијалист да го истражи големиот пазар во Африка и да ги процени можностите за продажба. По некое време едниот од комерцијалистите се јавува со свој извештај во кој го напишал сопствениот заклучок: овде нема можност за продажба на чевли затоа што сите одат боси. Другиот комерцијалист приближно во исто време на своите претпоставени им рекол: овде имаме сјајна можност за продажба на чевли затоа што сите одат боси.” Иста ситуација толкувана на два различни начини само покажува дека влезните информации се обработуваат со помош на сосема различни интерпретативни шеми.
Пишува: м-р Билјана Галовска, НЛП тренер и коуч, Предавач на Бизнис Академија Смилевски, инфо:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.