АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општинскиот Сојуз на Борци од Битола се противи на доаѓањето на Красимир Каракачанов, вицепремиер и министер за одбрана на Република Бугарија да ја промовира неговата најнова книга посветена на Тодор Александров, оваа сабота во Битола
Клима инвертерите нама да се делат според богатството на семејствата, туку услов ќе биде да живеат во одредено подачје во градот каде е најзагадено, рече Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола.
Правилникот со критериуми за семејствата кои ќе имаат можност да добијат клима инвертери од Битола, ќе биде донесен на следната седница на Совет. Правилникот требаше да биде донесен на денешната седница, но поради подготовка на апликацијата од страна на министерствата се одложи за следната недела.
Опозицијата обвини дека власта не презема сериозни мерки за да се справи со аерозагадувањето, а клима инвертерите ги дели за поткуп на гласачите пред избори.
„Мерката што ја предлага Владата за првпат во Битола оваа мерка беше најавена некаде осми месец 2019 година. Пет месеци подоцна на оваа тема која власта ја промовираше како проект како една од клучните мерки во стратегијата за справување со аерозагадувањето, гледаме дека власта нема направено ни еден исчекор. Јасно им е на сите дека ова не се мерки за справување со аерозагадувањето, туку начинот на кој се спроведуваат е обид за поткуп на гласачите во пресрет на предвемените избори“, рече Иванчо Тошевски, координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на Советот, Гуревски рече дека Општина Битола е подготвена за да го донесе правилникот, но се чека услогласување со другите градови и Владата.
„Денес требаше да донесиме празвилник со кој ќе ги утврдиме критериумите по кои ќе се заменуваат нееколошките грејни телеа со еколошки клима инвертери. Во однос на апликацијата, таа треба да ја изработи едно од министерствата или Владата со која ќе се утврди начинот како ќе се аплицира. Од она што се изготвува како правилник, а што можам да кажам е дека ќе нема поделба на климините во однос на тој на кој ќе му се доделуваат дали на посиромашни или побагати, сите ќе имаат еднакво право да земат клима уред. Услов за Битола ќе биде живеењето во одредено подачје во градот каде што е најзагадено. Се работи сериозно на проблемот“, рече Груевски.
Инаку АД ЕСМ, како компанија со висока општенстване одговорност, обезбедува 618.000.000 денари или 10.000.000 евра. Секое домаќинство опфатено во оваа фаза ќе располага со 1000 евра во денарска противвредност, што е сосем доволно за набавка на ефикасен инвертер клима уред. Од 10.000 домаќинства, кои ќе бидат субвенционирани во Скопје, Битола, Кичево и Тетово, во Битола ќе бидат субвенционирани 2500 семејства.
Ж.З.
Движење за околината Молика – ДОМ Битола ќе има свој претставник во Комисија за спроведување на мерката за клима инвертери што ќе се формира на државно ниво. На денешната седница на Влада беше донесено решение за формирање на Централна Комисија за следење на спроведувањето и имплементирањето на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и на Градот Скопје.
Владата ги задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање, Канцеларијата на yаменик претседателката задолжена за економски прашања, Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и администрација, кои се во функција на исполнување на оваа мерка, да именуваат по еден член и негов заменик и истото го препорача и до АД Електрани на Северна Македонија.
Во комисијата како рамноправни членови по еден претставник ќе имаат и граѓанските организации и тоа, Движење за околината Молика – ДОМ Битола, Еколошко здружение – Движење Еко Герила Тетово, и од Македонската платформа против сиромаштија – МППС, и сите тие се задолжени за постојана контрола и мониторинг на целиот процес на имплементација на оваа мерка.
„Ние доаѓаме од Македонија, земјата во која се одржува најстариот фестивал посветен на кинематографијата „Браќа Манаки“ кој годинава ќе има 47 издание, рекоа македонските сниматели Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ во нивното официјално обраќање од сцента за при доделување на награди на ASC- американската асоцијација на кинематографери, кое се одржа во театарот Долби во Лос Анџелес.
„На фестивалот Браќа Манаки имав можност да се запознаам со реномирани мајстори на филмската слика меѓу кои Вилмош Зигмонд, Ед Лакман кој исто така е и на оваа манифестација, Кристијан Бергер, Џон Сил, Роџер Дикинс и многу други. Тоа што ја одбрав оваа професија не беше случајно.Тие се многу инспиративни не само со нивната работа, туку и со нивната големина да го споделуваат своето знаење и искуство “, рече Љума.
Во моментот кога го спомна фестивалот „Браќа Манаки“ можеше да се чуе голем аплауз од присутната кинематограферската елита!
Благодарност до Љума и Даут денес упатија и од Интенационалниот фестива на филмска камера „Браќа Манаки“.
„Во обраќањето на ASC Awards тие го споменаа токму ИФФК ‘Браќа Манаки’ како најстар европски фестивал за кинематографија и како инспиративно место каде што веќе сретнале дел од кинематограферската елита! Немаме доволно зборови да го искажеме нашето воодушевување за нивниот подвиг и благодарност што се сетија на нас“ напишаа од ИФФК „Браќа Манаки“ на фејсбук.
На ASC годинава за првпат беа додели наградата за најдобар документарец, која отиде во рацете на кинематограферите на Медена земја-Фејми Даут и Самир Љума.
„Глобалното затоплување, претставува сериозна закана и предизвикува сериозни климатски промени. Како последица на овој феномен, снегот го нема или брзо се топи и на ски центарот Нижеполе. Јавното претпријатие 'Стрежево' како општествено одговорно претпријатие, превзема чекори за поефикасно справување со климатските промени и примена на еколошки иновативни пристапи и технологии. Затоа, во интерес на сите граѓани, а со цел збогатување и подобрување на вкупната туристичка понуда на Пелистер, потребата од континиуирана и продолжена сезона за скијање, ќе се направи физибилити студија за проект за вештачки снег.
Соња Николовска, позната по аферите со ТАТ, додека одлежува затворска казна во затворот „Идризово“ напиша поезија, објави мкд.мк. Во неа пишува за љубовта, за хуманоста, за пријателството, за скромноста, за тагата и зборува во име на жените осуденички. Воедно, пишува дека во најголемиот затвор тие не се запоставени, туку тешко е да ја најдат силата во самите нив и победник е само оној кој е издржлив и трпелив.
За разлика од многу семејства кои со годините ги забораваат роднините, Шишпинкаровци се собраа да ги зајакнат семејните врски.
Комуникацијата е дел од нашето секојдневие и сите знаеме дека „не можеме, а да не комуницираме.” Поаѓајќи од тоа, кога настојуваме да не комуницираме, тогаш значењето на комуникацијата е поголемо и пораката што сакаме да биде пренесена кај другата страна добива на својата јачина. (Oдлучувате да не зборувате со некого? Тоа не значи дека не пренесувате порака)! Ако ја земеме во предвид онаа познатата дека “од квалитетот на нашата комуникација, зависи квалитетот на нашиот живот”, можеби е време да размислиме како ние можеме да ја подобриме нашата интраперсонална комуникација (кога комуницираме сами со себе во нашиот внатрешен дијалог) и интерперсоналната комуникација (комуникација со луѓето околу нас)?
Погледнете ја сликата.....
Што гледате на неа?
(продолжете со читање откако ќе имате барем еден одговор)
Некои од Вас ќе речат дека гледаат две личности во расправија, некои дека тоа се колеги кои имаат спротивставени мислења, други дека работниот ден им завршува, трети дека тоа се брат и сестра партнери во бизнисот кои не решиле некој спор, четврти дека женската личност е лута и го повишила тонот, а машката личност ја гледа право во очи затоа што е виновен, седми дека тој ја провоцира, а таа се нервира, осми дека се деловни луѓе на некој состанок, деветти дека се во партнерски однос, десетти дека имаат афера и сл ...и колку повеќе луѓе се вклучени во ова толку повеќе објаснувања ќе добиеме.
Постои нешто што врвните комуникатори го знаат, а тоа е да прават разлика помеѓу поимите опис и интерпретација. Многу често информациите во секојдневието се пренесуваат по пат на наша интерпретација. Тоа значи дека ние, нешто кое се случува надвор од нас, го објасуваме на начин како што го доживуваме внатре во нас, што значи најчесто му даваме сопствено значење. Затоа добро е да знаеме дека ОПИС е фактичката состојба која постои и е непроменлива за секој од нас, на пример описот на сликата е две личности, еден часовник.(ТОЛКУ) Се друго во однос на објаснувањето околу тоа е интерпретација која ние ја даваме. И кога сме присутни на одреден состанок, разговор или некоја секојдневна ситуација, а посебно кога пренесуваме некоја информација врзана за конкретен настан, добро е да знаеме да направиме разлика што е тоа опис, а што интерпретација.На пример - денес е недела, 26 јануари. Тоа е непромениливо за секој од нас, тоа е фактичка состојба која важи за сите, тоа е опис. Интерпретација е се останато како тоа дека денот е сочев и убав, со малку облаци или тмурен со многу магла која не дава расположение итн......
Постојат вежби со кои може да се усовршува пренесувањето на информацијата и раздвојувањето на овие два термини. Ако некој го заинтригира оваа содржина, за дополнителни информации може да ме контактира на е маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. За оние кои го прочитаа текстот и за сега е доволно имам еден совет. Пред да започнете со вашата интерпретација на нешто, може само да кажете “моето субјективно чувство за тоа е ...”. Ако станете свесни дека вашето субјективно, најчесто е различно од субјективното на другите, повеќе ќе слушате за да ја разберете другата страна,не само да одговорите, а при тоа развивате вештина за подобро комуницирање преку раздвојување, а не потреба за докажување дека сте во право.
Тајната на успешните комуникатори во многу ситуации е одговор на прашањето “Дали ова беше ОПИС или само ИНТЕРПРЕТАЦИЈА”?
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)