АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општинскиот Сојуз на Борци од Битола се противи на доаѓањето на Красимир Каракачанов, вицепремиер и министер за одбрана на Република Бугарија да ја промовира неговата најнова книга посветена на Тодор Александров, оваа сабота во Битола
„Од сознанијата што ги имаме тој ќе зборува на тема што не одговара на интересите на македонскиот народ. Ќе зборува дека ние сме бугарски Македонци, што е спротивно на нашите интереси и на се она што ја гради нашата земја. Ние ја поведовме НОБ, а тие сакаат да прикажат дека доброволно дошле во нашата земја, а не како окупатори. Не сакаат да сфатат дека од 25 000 жртви, 90 проценти се загинати во борба со фашистичка Бугарија. Бараме да не му се овозможи по никоја цена да зборува тези кои не се во национален интерес на нашиот народ. Секаде каде што оди проповеда дека сме бугарски Македонци, што не е вистина. Креваме глас и против сме како Сојуз на борци. Да не се користи демократијата во други цели, кои се спротивни на нашуиот интерес. Нека дојди во Битола, но не да зборува против македонските национални интереси“, рече Александар Трајковски, претседател на Сојузот на борци од Битола.
Промоцијата на Каракачанов е закажана за утре во 12 часот во Малата сала на Центарот за култура во Битола.
Ж.З.