АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од Јавното претпријатие „Водовод“ апелираат граѓаните сметките да ги плаќаат преку нивниот портал за електронска наплата на сметки, со цел да да можат во услови на пандемија од коронавирусот да седат дома, а да ги подмират сметките. За да извршат уплата и дополнителни информации граѓаните треба да го отворат следниот линк
Пишува: м-р Марија Младеновска Димитровска, психолог
Целосно спремна е болницата во Битола таму има и анестезиолози и инфектолози и медицински сестри. Еден целосно физички одделен дел да биде Регионален центар за пациентите што доаѓаат од тој дел на земјата. Има респираторни машини и места за интензивна нега. Во овој момент вкупната бројка на кревети е 35 со можност да порасне до сто, во зависност од бројот на пацинети има предвид за прогресија и за земање на други делови од болнцата во Битола“, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната пресконференција.
Во Битола веќе четврт ден нема евидентирани новозаболенини од коронавирус. На интернет страницата на Министерството за здравство Битола не е меѓу градовите со нови пациенти.
Во чест на роденденот на најголемиот писател за деца на сите времиња Ханс Кристијан Андерсон, (роден на 2 Април 1805) се слави Светскиот ден на литературата за деца, со цел да се промовира книгата за деца и читањето.
Од 1967 година па наваму, на овој ден, се потсетуваме на големата потреба да се сврти вниманието на јавноста за значењето на книгата за деца.
Во чест на роденден на најголемиот писател за деца на сите времиња Ханс Кристијан Андерсон, НУУБ Св.Климент Охридски“ - Битола ќе додели три награди на најдобрите.
Задача e на приказните „Девојчето со ќибритчињата“ или „Грдото пајче“ да се променат на крајот од приказната.
Заинтересираните да ја отворат фб страницата на Битолската библиотека, таму пишува каде треба да се напиоше коментар, а потоа објавата треба да се сподлеи. Оние кои ќе освојат најмногу лајкови ќе бидат наградени. Утре ќе бидат прогласени победниците.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција запрашан за тоа каков е капацитетот на Битолската болница во свлучај да треба да се примат пациенти со коронавирус, рече дека таа е доста солидна и екипирана здравствена установа, со добра инфраструктурна поставеност, но нема да се користи како болница каде ќе се лекуваат овие пацинети.
„Многу солидна и екипирана болница е со ниво на експертиза и со добра инфраструктурна поставеност. Но, нема да има други центри за лекување на пацинетите со коронавирус освен болниците кои цело време ги спомнуваме Инфективната клиника со дополнителниот капацитет и болницата „8-ми Септември“ пред се поради експертизата“, рече Филипче.