АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Тројца од четворицата битолчани кои излегоа позитивни на коронавирусот се од приватна болница во Битола, потврдија за Апла.мк од Министерството за здравство.
,,Од четворица заболени од Битола, тројца од нив се заболени од приватната болница Плодност" , пишува во одговорот од Министерството за здравство до Апла.мк.
Во саботата министерот Филипче посочи дека во Битола е регистриран првиот новозаболен од коронавирус, а вчера беше соопштено дека има уште тројца заболени или вкупно четворица. За едниот од ,аболените семејството тврдеше дека на третиот тест бил негативен.