Започнаа активностите за реконструкција на коловозот на локалниот пат до село Дихово, во должина од 1200 метри.
Денеска во Битола се одбележа 21 година од масакрот кај Вејце, кога во конфликтот во 2001 годин загинаа 8 мина припадници на специјалната единица на МВР, од кои 4 беа битолчани. Нивните семејства, припадници на полицијата, претставници на локалната самоуправа, политичките партии и граѓани, положија цвеќе и се поклонија пред спомен обележјата во Битола подигнати во нивна чест.
Започна реконструкцијата на коловоз на главниот уличен крак во село Логоварди, во должина од 744 метри.
Срамота е градот на македонскиот ракомет, Битола, уште да се игра во спортска сала што ја направил другарот Јосип Броз-Тито, а и таа е упропастена, остар во коментарите беше Гино Стрезовски, поранешен ракометар, тренер и редовен професор по ракомет на Факултетот за физичка култура во Скопје.
