АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И оваа пролет посетителите на Баба Планина имаат можност да ги видат Пелистерските Водопади кои се појавуваат само во овој период од годината од топењето на снегот на Пелистер
- Станува збор за првата притока на Црвена Река. Секоја година на пролет има промена на карпестиот релјеф и течението на реката е различно. Течението на реката е во усекот помеѓу Врв Стив и Врв Илинден од источната страна на Баба Планина т.е. страната која што гледа кон Нижо Поле. Не постои планинарска патека и единствениот пристап до овие убавини е по самото корито на реката. Најубавите водопади се формираат нешто над 2000мнв, вели Иванчо Тошевски, планинар