2win800x200

И пензионерот Менде Петровски се заканува со тужба до новинарката Анета Блажевска

Февруари 29, 2024
фото Фејсбук фото Фејсбук

Пензионерот Менде Петровски поранешен, правник-секретар на Средношколскиот дом во Битола „Мирка Гинова“ се заканува  со тужба до новинарката Анета Блажевска за пишувања за неговиот ангажман во Средношколскиот дом во Битола. Барањето за извинување е испратено преку адвокатот Олег Ѓоргиев, адвокат и на Средношколскиот дом во последните години и на директорката Елена Спасеновска.

Петровски бара извинување за текстот - Директорката на ученичкиот дом со државни пари плаќала пензионер за советник. https://apla.mk/

 

НЕ ВИ СЕ ИЗВИНУВАМ!

 

Обвинителството во Битола отвори предмет за Средношколкиот дом по новинарските пишувања на Анета Блажевска и по неколку анонимни кривични пријави поднесени за случувањата во оваа институција која е под капата на МОН.

Истрагата е во рацете на основен јавен обвинител од Битола, инспектори од одделот за Економски криминал при СВР Битола и Трудовата инспекција. Истражителите вчера влегоа во Домот, веќе се „чешла“ работењето на Домот!

Директорката на Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ од Битола, Елена Спасеновска, признава дека патувала службено со пензионерот, поранешен вработен секретар во Домот, Менде Петровски, но тврди дека сѐ било законски.

Што се однесува до пишувањата на „Независен“ дека Средношколскиот дом во Битола исплатил неколку илјади евра на сметка на пензионерот Петровски, ангажирајќи го како советник, Спасеновска во одговорот тврди дека сите исплати биле законски и во согласност со потребите на институцијата, оти се работи за високо стручно лице.

„За конкретното лице поголем дел од исплатите се однесуваат на обврски од работен однос, плата и додатоци на плата кои јавно се објавени како записи во Министерство за финансии. Конкретното лице никогаш не беше ангажирано за давање правни консултации и услуги. Напоменуваме дека секогаш кога институцијата имала потреба од високо стручни лица, а во недостаток од таков соодветно вработен кадар, ДУД ‘Мирка Гинова’ во согласност со законските одредби ангажира соодветни консултанти за реализирање на тековните потреби на домот“, стои во одговорот од директорката.

Во продолженија што стои во барањето за ицвинување на пензионерот Менде Петровски и кои се неговите образложенија на кој основ  му биле исплаќани државни пари од  Домот.  

прва Менде

Втора Менде

 

Анета Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани