2win800x200

Битолското обвинителство повикува сведоци за истрагата во Средношколскиот дом во Битола

Април 19, 2024

Основното јавно обвинителство од Битола постапува по предистражниот предмет оформен во врска со наводите за криминал во Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола каде се испитува работењето на директорката Елена Спасеновска и други раководни лица во изминатиот период. 

Од Обвинителстото за АПЛА.мк потврдуваат дека во истрагата за Средношколскиот дом се повикуваат сведоци заради прибирање на потребните известувања, а се прибираат и материјални докази.

„Се преземаат дејствија, се испитуваат сведоци и се работи во координација со СВР Битола и Трудова инспекција со цел да се утврди правилно фактичката состојба од значење за настанот“, одговорија од прес службата на Основното јавно обвинителство на Македонија за АПЛА.мк. 

 

Почнувајќи од 26 февруари, траат истражните дејствија во Средношколскиот дом во Битола кој е под капата на Министерството за образование. На истражителите им се отвори голема работа па се „чешла“ во детали секој документ, секоја јавна набавка како се трошеле  државните пари и како се користеле државните ресурси, вклучително во првиот и вториот мандат на Спасеновска, законски или не, за службени или за приватни цели? 

Според наши сознанија,  истрагата е фокусирана на финансиското работење на Домот, на јавните набаки, со кои фирми се соработувало. 

Додека трае истрагата, Трудовата инспекција има полни раце работа во Домот, откако вработени се жалат на „малтретирање“ од претпоставени. 

АПЛА во изминатиот период објави неколку текстови поврзани со работењето на Спасеновска во Средношколскиот дом во Битола која е и висок член на партиските тела на ОО на СДСМ Битола. Отворени се  прашањата дали законски се користело службеното возило на Домот при патувањата во Србија и Албанија,  и како на кој начин се ангажирал во патувањата  пензионер – советник во Домот, Менде Петровски. Патувањата за Албанија и Србија најчесто биле за викенди, според нашите информации, објавени претходно.

Во меѓувреме претседателот на ОО на СДСМ Драган Крајовски, во изјава за АПЛА вели дека разрешувањето на Спасеновска  може да го иницира Државниот просветен инспекторат - „Директорката на ученичкиот дом во Битола има активен мандат за извршување на функцијата, а нејзино разрешување може да го иницира Просветниот инспекторат. Одлуката на крајот е во рацете на Министерството за образование“, рече Крајовски.

 

А.Б 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани