2win800x200

Драган Крајовски-Просветен инспектор може да иницира разрешување на Елена Спасеновска од Средношколскиот дом во Битола, партијата дополнително ќе се изјасни

Април 08, 2024

Драган Крајовски претседател на ОО на СДСМ Битола го следи случајот во Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола, каде Основното јавно обвинителство отвори истрага под сомнение на злоупотреби на службената положба. Крајовски вели дека разрешувањето на Спасеновска  може да го иницира Државниот просветен инспекторат. 

Истрагата е отворена и е во тек (вклучени се истражители од економски криминал при СВР Битола и Трудовата инспекција), по пишувањата на порталот АПЛА.мк во кои објавивме  текстови дека директорката Спасеновска и пензионерот Менде Петровски, (поранешен секретар на Домот) со службената кола патувале во странство, Албанија и Србија, (во повеќе наврати за време на викенди), како и дека со средства од Домот пензионерот е исплаќан како советник по пензионирањето, потврдено според официјални податоци од порталот Отворени финансии на Министерството за финансии на Р.С. Македонија.

Директорката Елена Спасеновска е член на Извршниот одбор на ОО на СДСМ Битола, па АПЛА.МК постави прашање до Крајовски, како лидер на СДСМ,  дали членот на ИО на ОО на СДСМ Елена Спасеновска и натаму е дел од највисокото  раководство и дали е вклучена во кампањата за претстојните избори, со оглед на тоа што самата општинска организација на Фејсбук споделува фотографии од партиски состаноци на кои е и Спасеновска (фотогафијата е објавена јавно на Фејсбук профилот на Крајовски).

На ова Крајовски меѓудругото ни одговори  дека - „Директорката на Ученичкиот дом во Битола има активен мандат за извршување на функцијата, а нејзино разрешување може да го иницира Просветниот инспекторат. Одлуката на крајот е во рацете на Министерството за образование.

СДСМ во повеќе наврати изминатите седум години докажа дека има неселективен однос кон било кој функционер за кој била докажана злоупотреба на функцијата. Тоа не е случај со опозициската ВМРО – ДПМНЕ...

ОО СДСМ Битола ќе го произнесе својот став откако надлежните органи ќе ја завршат постапката што во моментов е во тек во Ученичкиот дом...“, одговори Крајовски.

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани