2win800x200

СДСМ се откажа од “експлозивната“ директорка на Ученичкиот дом, ја исклучи од Извршниот одбор

Мај 01, 2024
фото Фб на ОО на СДСМ Битола  фото Фб на ОО на СДСМ Битола

ОО на СДСМ Битола, вечерва на седница на Извршниот одбор ја исклучила Елена Спасеновска од член на Извршниот одбор. Чашата се прелила откако вчера Спасеновска физички нападнала вработена во Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ од Битола, каде директорува над 6 години.

Спасеновска, од февруари е под истрага за злоупотреба на службата и нејзиното директорување по наредба на основен јавен обвинител го „чешлаат“ истражители од Економски криминал при СВР Битола. 

АПЛА дознава дека на состанокот на ИО се разговарало за последните случувања околу директорувањето на Спасеновска и особено за вчерашниот сканадал кога таа нападна вработена со удари по главата. 

Ова не и' беше прв пат Спасеновска да биде пријавена за малтретирање на вработен во Домот. За неа пријава имаше и пред повеќе од еден месец. Оттука, многумина сопартијци на Спасеновска, членови на СДСМ, сметаат дека задоцнето е исклучувањето од партиските тела, и дека локалниот лидер Драган Крајовски, овој чин можел да го направи пред уште два месеца, и да ја „заштити“ партијата од импликациите од истрагата и однесувањето на директорката, особено што случувањата се поклопуваат со изборниот период и периодот пред тоа.

Она што се очекува од надлежните во МОН,  Спасеновска да биде суспендирана од работно место, оти како што велат вработени за АПЛА, влевала страв и вознемиреност кај вработените дека инцидентите ќе продолжат. 

Во денешниот билтен на полицијата стои дека  во СВР Битола 47-годишна битолчанка, вработена во Средношколски дом во Битола, пријавила дека, додека била на работното место, била физички нападната од страна на директорката на установата.

Полицијата најавува дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против Спасеновска.

 

А.Блажевска

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани