АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Априлијадата годинава се пресели на ФБ, а родителите покажаа голема креативност дури и во изолација, каде годинава принудно го одбележаа Денот на шегата. Вчера Драгана Спасевска, позната меѓу битолчани, посебно меѓу децата како Кловнот Заги, ги организираше родителите преку ФБ групата „1 Април во изолација“, каде тие испраќаа фотографии од своите деца со шарени, разни и убави маски. Таа денеска проглси 25 најдобри маски, а ние споделуваме дел од наградените, но и други маски по наш избор.
-Во ова тешко време ние вчера успеавме во мојата мисија, а тоа е дека успеавме да се насмееме, да се забавуваме и успеавме да ги оттргнеме проблемите на возрасните и барем во еден ден ги видовме среќни и насмеани. Сите бевте најдобри, најсмешни и најубави и дека не треба никој да се растажува затоа што ви кажав НИЕ ЈА НАПРАВИВМЕ НЕВОЗМОЖНАТА МИСИЈА ВЧЕРА-ЗАБОРАВИВМЕ НА КОРОНАТА И ИЗОЛАЦИЈАТА И БЕВМЕ СРЕЌНИ, напиша Драгана на ФБ