Родендените се прилика за славење.
И миг во кој се постетуваме на почетоците, на растот и на успехот.
Не е лесна работа да се биде безмалку три децении едно од најпрепознатливите имиња во фризерската професија не само во Битола, туку и во Македонија, па и на Балканот.
Кармен, денес слави 28 години.
Толку години, идејата на неговиот основач Димче Ивановски бележи скалило на визија и успех.
Кармен не е само обичен фирзерски салон, тој е центар за едукација на генерации и генерации нови имиња кои започнале своја кареиера во оваа професија, во академијата на Кармен.
Кармен е организатор на бројни домашни и меѓународни настани и натпревари кои ја славеле оваа професија тука и по светот.
Кармен во Битола не се плашеше да ги донесе врвните светски имиња да покажат што знае светот во оваа професија. Едноствано работеше на широка промоција, зошто овој занает е уметност.
Кармен е и увозник на врвните линии за нега на коса, за да го имаме во Битола и низ државата најдоброто.
Зошто косата не е само заштита на главата од топло и ладно време, косата е многу повеќе од тоа. таа е порака која ја испраќаме на другиот за себеси, симбол на убавина, одраз на стилот, а кога е добро третирана и стилизирана, таа е вистински украс на вашето лице. Нешто што многумина го забележуваат веднаш при средба со вас.
Кармен е пример во овој бизнис кој низ годините покажал колку е важно да се цени конкуренцијата и на тој начин да се вреднува овој занает кој го прави животот на луѓето поубав.
Омилен помеѓу своите колеги, секогаш место да се добие и совет и поддршка ако на некој од еснафот тоа му треба.
Да се занимаваш со косата на луѓето, да ја негуваш и стилизираш е работа на фризерот, но и остварен сон на Димче Ивановски кој и денес кога слави 28 години со својот верен тим, се навраќа на почетокот и својот сон, за да биде она што е денес.
Одличен пример, како еден млад човек тогаш на почеток од кариерата, идејата за успех , ја претвори во реалност.
Слоганот "За влакно пред другите", трае 28 години