АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот Владимир Талески кој годинава не присуствуваше на отворањето на 38 издание на ИФФК „Браќа Манаки“, не дојде ниту на традиционалното полагање цвеќе на гробот на Милтон Манки во Влашките гробишта на Битола, иако во изминатите години редовно присуствуваше на овој настан.
Организаторите на фестивалот посветен на кинематограферите, „Браќа Манаки“, Заедницата на Власите од Битола, претставници на политичките партии, како претставник на европската федерација на кинематографери ИМАГО, денеска му одадоа почит и се поклонија на гробот на Милтон Манаки, првиот снимател на Балканот.