АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Снегот во април ги покри штотуку расцветаните магнолии низ Битола, а низ снежната покривка ѕиркаат и цветовите на јапонските цреши. Иако очигледно е дека климатските промени ги измешале лончињата во природата, сепак сликата надвор е фасцинантна, колку на снегот и да не му е време во април
Под снежниот врв на Пелистер, цветаат магнолии. Вака изгледа Битола од градскиот парк. Од едната страна се вишнее планината каде има снежна покривка од 40 тина сантиметри, а од другата страна всипани од цветови се магнолиите. Битолчани можат да уживаат во две годишни времиња. Во зимата на Пелистер каде снегот може да ја продолжи сезона или да прошетат во градскиот парк каде пролетта магнолиите ги обои во розово-пурпурна боја.Поради нивната убавина и плоштадот во срцето на Битола е наречен Магнолија.