АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Овие фасцинантни фотографии се направени на Пелистер синоќа и рано утрово, каде група планинари во 22 и 30 часот тргнаа од Хотел Молика преку Копанки до Видиковецот, потоа кон врвовите Стив, Илинден и Пелистер, а од таму до Мало и Големо Езеро. По оваа патека Иванчо Тошевски и Јасмин Биберовиќ низ објективот ја доловија убавината на полната месечина, но и изгрејсонцето, кое на Пелистер се вистинко доживување од кое запира здивот. Оваа фотогалерија ја споделуваме со читателите на апла.мк
Пелистер и Потпелистерието не само што се инспиративни за создавање прекрасни фотографии, туку се и видиковци со раскошна панорама каде и да застанете.