2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во врска со протестите на пензионерите со ниски пензии Извршниот одбор на Здружението на пензионери Битола,Новаци и Могила одржа седница на 14.08.2023 год. следните:

ПРЕПОРАКИ И МИСЛЕЊЕ

1.ЗП Битола заедно со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и другите членки, континуирано работи и се грижи за подобрување на материјалната положба на корисниците на пензија,во соработка со надлежните државни органи. Една од основните задачи на Сојузот и на здруженијата на пензионери е подобрување на материјалната положба на корисниците на пензија,во соработка со надлежните државни органи. Особено внимание се посветува на корисниците на пензија со ниски пензиски примања..

2. Како ЗП Битола ги подржуваме барањата на пензионери во делот за донесување на минималната пензија и одредување на висината, но исто така тоа препорачуваме таа да биде реална, финансиски издржана, во рамките на институциите и законот, без да го наруши пензискиот фонд и редовното исплакање на пензиите.

3. Демократско право на секого е да протестира, но не ги подржуваме насилните неконтролирани протести од група пензионери кои недолично и насилно се однесуваат и влегуваат во просториите на Здруженијата на пензионери.

4. Ги подржуваме Предлозите за зголемување на најниските пензии, кои ги подготви Сојузот и ги предлага да се решат во рамките на пензискиот систем, а не со посебен закон. Предлозите се доставени до Министерството за труд и социјална политика за нивно разгледување и постапување.

Со Законот за пензиско и инвалидско осигурување се врши усогласување на пензиите два пати во годината со 50%од порастот на платите и 50% од порастот на трошоците на животот во претходното полугодие, според податоци објавени од Државниот завод за статистика со директна примена од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија.

5. Во изминатиот период Сојузот во соработка со Министерството за труд и социјална политика и други надлежни органи, презеде повеќе активности за подобрување на материјалната положба на корисниците со ниски пензии и тоа:

-покрај пензијата беше доделувана и соодветна парична помош,

-беше субвенционирана електричната енергија,

- беа обезбедени пакети со прехранбени производи

-ослободување од плаќање на партиципација за болничко лекување за корисници на пензија чии примања изнесуваат до 14.500 денари,

5. Како здружение на пензионери Битола сакаме на пензионерите да им објасниме каде се трошат парите од нивната чланарина која ја плаќа секој пензионер 170,00 ден. за кое прашуваат повеке пати

-140,00 ден. се однесуваат за солидарна помош на семејството во случај на смрт на пензионерот. Овие средства одат на посебна сметка во Пензискиот фонд, кој ги сервисира, и исплака и исклучиво се наменети за оваа намена и за ништо друго не можат да се користат.

- Од 30,00 ден. чланарина , 27,5 ден. се за здруженијата а 2,5, ден. остануваат во СЗПМ.

ЗП Битола Согласно годишната програмата за работа и финасиските средства во буџетот ги планира активностите во здружението за тековната година, а воглавно се следните:

  • Социјални пакети или ваучари за набавка на одредени прехранбени производи повеке пати во годината на пензионери со ниски примања.
  • Социјални пакети на пензионерите од руралните средини кои се осамени,изнемоштени и со ниски пензии.
  • Еднократна помош за пензионери со тешки здравствени заболувања
  • помош за набавка на огревно дрво и прехрамбени производи
  • Рекреативни патувања,( пролетни и есенски екскурзии)
  • Бесплатно месечно прегледување на крвта со три параметри (триглицериди холестерол и гликемија)
  • Учество на регионални и републичките спортски игри кои ги организира СЗПМ
  • Учество на пеачката група,, Сирма Војвода,, на   Регионалните и републичките ревии на песни и игри, како и на други манифестации кои се одржуваат во Општина Битола и надвор од неа.
  • Режиски трошоци и трошоци за одржување на канцеларите каде е смесено здружението и пензионерските клубови.
  • 10% бањско лекување во Негорски бањи.
  • Бесплатно изнајмување на книги од Градската библиотека
  • Одржување на едукативни работилници за болести од кои најногу боледуваат пензионерите лекување, исхрана и заштита.
  • Решавање на други проблеми кои ке се појават во текот на годината.

Здружението на пензионери Битола е отворено за соработка со сите пензионери и ги прифака иницијативите за подобрување стандардот на пензионерите, но тоа да биде преку институциите на системот.

                                                                                                Здружение на пензионери

                                                                                                                 Битола

366757013 190865973997056 3646466664590119694 n

Македонија е нашето име и нашиот код, затоа го повикувам народот и понатаму да продолжи нашата земја да ја вика Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот протест во Битола организиран против потпишувањето на договорот за промена на името.

Договорот за името денес ќе биде потпишан во село Нивици (Псаридис) во Грција на брегот на Преспанското Езеро. Потпис на договорот за решавање на долгогодишниот спор со името ќе стават шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Со договорот официјалното име за севкупна употреба на земјава ќе биде Република Северна Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани