2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ѓорѓи Чекутков на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Битола рече:

Мај 31, 2018

Македонија е единствена држава во светот во која се затвараат сопствените граѓани само затоа што сакале да го истакнат националното знаме.

 

Десетина битолчани синоќа беа приведени, само затоа што истакнале македонско знаме на јарболот во центарот на градот, на кој подолго време нема знаме.

Недозволиво е полицијата да биде злоупотребувана против сопствените граѓани. Недозволиво е полицијата да се користи како инстурмент на заплашување на искрените македонски патриоти и чесни граѓани кои си ја сакаат татковината.

Која опасност по јавниот ред и мир ја претставуваат десетина граѓани, кои си ја сакаат државата?

Човекот кој го постави македонското знаме на јарболот пред спортската сала „Младост“ во Битола е чесен македонски граѓанин, македонски бранител кој на понижувачки начин беше приведен од полицијата. Еден лојален Македонец, македонски патриот и бранител во конфликтот во 2001 година, поранешен припадник на специјалната единица „Лавови“ кој се жртвувал во првите борбени редови во одбраната на македонскиот суверенитет, интегритет и држава.

Бараме од актуелната власт македонските државни знамиња да бидат поставени на државните јарболи и да се веат гордо бидејќи државното знаме ја отсликува и територијата на истата држава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани