По повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, и оваа година битолчани и останатите посетители ќе имаат можност да го видат велелепниот Офицерски дом реконструиран пред повеќе од една година. Културно информативниот центар организира Отворен ден во сабота на 5 ноември во најубавиот објект во нашиот град, кој токму граѓаните го спасија од продажба и повторно и го вратија на Битола.
-Време е, да ја задоволиме љубопитноста на битолчани и сите добронамерници. Знаеме дека ќе Ве има во голем број, а ние ќе се потрудиме да бидеме достојни домаќини. Сабота 05.11.2022 од 09.00 до 21.00 ч. - Офицерски дом - Битола, информираат од КИЦ Битола
Офицерскиот дом свечено беше отворен лани по комплетната негова реконструкција, каде градоначалничката во заминување Наташа Петровска ја организираше свеченоста по повод 4 Ноевмри. Следниот ден објектот беше отворен за битолчани да ја видат убавината на старата реконструирана зграда.