АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанката Ивана Вуковиќ- Груевска (33) чија пасија е декорирањето, украсувањето и уредувањето, семејниот дом го претвори во вистинска сцена од раскошна новогодишна бајка. Оваа талентирана битолчанака, сопруга и мајка на две ќеркички, од кои Киријана има две години, а Кристијана само седум месеци, вели дека зимските празници сами по себе се идилични, а таа само на таа идила го става својот печат, креира и моделирам според сопствениот дух.
„Новогодишното уредување бара особено внимание и долга подготовка која започнува дури од октовмри и се се избира, изработува, декорира со голема љубов и внимание без разлика на времето и трудот кои се вложуваат. Куќата ја красат 5 новогодишни елки, стотици лампиони, голем број на новогодишни украси, герланди, сијалички , а најголемо внимание освојува еклата во дневниот простор која е вистинска ,,кралица“ во бело-сребрена боја. Она што е невозможно да остане незабележано и кради сечиј поглед е украсениот двор каде што централно место има три и пол метарската елка накитена со голем број на ламбиони и сијалички, а се тоа е надополнето со украси, венци, герланди и сијалички“, вели креативната Вуковиќ- Груевска.
Работи како наставник веќе 10 години и вели дека тоа е една од најблагородните професии која бара големо трпение, посветеност, интузијазам, иновативност, креативност... Но, последните две години со оглед на тоа дека се оствари во улогата мајка со две ќерки за краток временски период , најголемиот дел од времето и вниманието ѝ е посветено на семејството,а тие станаа нејзина најголема мотивација и инспирација.
„Декорирањето, украсувањето, уредувањето и креација се моја страст и пасија, секој настан, роденден, годишнина, слава или празник , дури и сопствената свадба беше моја лична креација и речиси е невозможно во нашиот дом да се прослави нешто без соодветен декор во зависност од поводот. Често пати блиските и оние кои добро ме познаваат бараат совет и помош околу уредување, па нескромно можам да кажам дека едно од најпоставуваните прашања е ‘Зошто професионално не се занимавам со тоа?’ , затоа во последно време тоа ме натера да почнам да размислувам посериозно околу таа тема.
-Навистина посакувам оваа празнична магија да допре до секого, сијаличките да го распламенат жарот за секоја надеж, блескавите лампиони да се рефлексија на љубовта кон секое битие, божиќната ѕвезда да го исполни срцето со добри дела , а новогодишната песна да одекне за секое ново утро!!! Среќни празници мои драги битолчани-, упатува честитки нашата креативна битолчанка.
ж